Кога едно неделно утро пиел кафе и отворил да чита весник, на светски познатиот кошаркарски агент му паднало во око името на некое дете кое давало по 30 коша во јуниорските категории. Решил да го ангажира, а денес малиот игра во НБА.
Македонскиот репрезентативец од денес е нов член на турскиот прволигаш Бујукчекмече, а како обично одат работите, трансферот на Твитер необично го најави неговиот агент и сопственик на Мега Лекс, Мишко Ражнатовиќ.
Во претпоследниот натпревар во АБА лигата годинава, кошаркарите на МЗТ Скопје ја победија Мега Лекс 84:79. Повратникот во екипата, Стефан Синовец со 17 поени покажа дека многу ќе им значи на „металците“ во борбата на три фронта.