Во Премиер лигата играа и уште играат неколку врвни напаѓачи како Ерик Кантона, Алан Ширер, Енди Кол, Вејн Руни, Серхио Агуеро, Денис Беркгамп, Руд Ван Нистелрој и Дидие Дрогба, но ниту еден од нив не бил прв стрелец во лигата повеќе од три пати како што бил Тиери Анри.
ЗЛАТНА КОПАЧКА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТАФранцузинот четири пати беше најдобар стрелец во Премиер лигата. Во 2002. година даде 24 голови, во 2004. 30, во 2005. 25 и во 2006. 27 голови со што стана апсолутен рекордер по бројот на освоени Златни копачки за прв голгетер. Голот на Анри против Манчестер Јунајтед во 2000. година сè уште се смета за најубав во историјата на Премиер лигата.
5 ПАТИ БИРАН ЗА НАЈДОБАР ФРАНЦУСКИ ФУДБАЛЕРНаградата која секој фудбалер ја посакува е признанието во сопствената земја. Тиери Анри стана најдобар француски играч во 2000, 2003, 2004, 2005 и 2006 година. Зинедин Зидан само два пати беше биран за најдобар фудбалер од Франција.
„Тој е волшебник со топката. Неговиот најголем квалитет е брзината со топката и затоа немаше дефанзивец кој можеше да го стигне кога топката беше кај него", изјави Лилијан Турам, соиграчот на Анри од Франција.
3 ПАТИ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ НА АРСЕНАЛОд Јан Рајт па до Чарли Џорџ и Клиф Бастен, Арсенал во својата историја немал напаѓач како Тиери Анри. Французинот според сите статистички параметри е подобар од сите напаѓачи и поради тоа е избран за најдобриот фудбалер што некогаш играл за клубот од северен Лондон.
На 377 натпревари за Арсенал, Тиери Анри даде 228 голови, а 175 од нив ги даде во Премиер лигата. Тоа е висок дострел за секој сегашен и следен напаѓач на „топџиите". Речиси сите клупски рекорди на Арсенал се поврзани со Тиери Анри. Ако се видат сите актуелни центарфори на Арсенал во моментов кои се непостојани, рекордот на Анри како три пати најдобар стрелец во екипата ќе остане уште долго време.
НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ФРАНЦИЈА„Галските петли" се мошне успешна селекција на меѓународно ниво. Франција ги освои сите три трофеи што една репрезентација може да ги освои. Успешноста дојде како резултат на игрите на Мишел Платини, Зинедин Зидан и Ерик Кантона.
Сепак и меѓу нив се одвојува едно име, Тијери Анри, првиот стрелец на Франција во историјата на нивната земја. На 123 настапи во синиот дрес, Анри даде 51 гол што е фантастичен учинок. Просекот на Анри за репрезентацијата е 0,42 гола по натпревар и тоа е причината поради која Франција доминираше кон крајот на '90-те години.
Кога го даде 41 гол, Анри го престигна Мишел Платини по бројот на голови, а втор е по бројот на настапи за Франција, зад Лилијан Турам кој има 143 настапи, 23 повеќе од Анри.
3 ПАТИ ИГРАЧ НА ГОДИНАТА ВО АНГЛИЈАКако да не е доволно што 4 пати беше биран за најдобар француски фудбалер на годината, Анри три пати ја понесе и наградата играч на годината во Англија. Признанието веќе 68 години го доделува фудбалската асоцијација на Англија и само осум пати еден играч ја освоил два пати. Последниот што ја освои на два пати беше Кристијано Роналдо.
Тиери Анри три пати ја доби оваа награда меѓу 2002. и 2006. година.