Атланта на Антиќ беше рамноправен ривал само во првата четврина, кога Бакси водеа само 2 разлика. До крајот на дуелот, предноста на Милвоки изнесуваше 30 разлика. Џеред Дадли одигра совршен натпревар, на кој шутираше 4/4 за три поени и 6/6 за два за 24 поени на крајот. Најдобрииoт играч на Атланта сезонава, Пол Милсап реализираше 22 поени.
Ова беше втор пораз за Хокси на последните 16 натпревари, а Атланта во моментов е втора со 21 триумф и 7 порази.
Акцијата на мечот ја имаа Бакси:
-----------------------------------------------------------------------------------------------------
Благодарение на Леброн Џејмс, Кливленд стигна до 18. славје сезонава. Кавалерс го победија Орландо Меџик 98:89, а Џејмс имаше 29 поени, 5 скокови и 8 асистенции. Кевин Лав придодаде 22 поени и 7 скокови. Кај поразените „магични“, Тобијас Харис стигна до 16 погодоци.
Виктор Олаидипо преку Леброн:
Далас Маверикс ги доби Лејкерси, а во главна улога беа Раџон Рондо и Дирк Новицки. Првиот го заврши натпреварот со 21 поен, 8 скокови и 7 асистенции, а Новицки постигна 14 поени и 8 скокови, со што го мина Елвин Хејс на осмото место на најдобрите стрелци во историјата на НБА. Лејкерс уште го одмораат Коби Брајант, па Карлос Бузер повторно беше водечки стрелец со 18 поени и 8 скокови. Младиот Ник Јанг доаде 15 поени.
----------------------------------------------------------------------------------------
Во дербито на вечерта, „ракетите" од Хјустон дури после продолжувањата го победија Мемфис Гризлис. Џејмс Харден со 32 понеи, 8 скокови и 10 асистенции, повторно покажа дека сериозно претендира за МВП на регуларната сезона. Големо удел во победата на Хјустон имаше и Џош Смит со 21 поен и 8 скокови. Кај Гризлис, Шпанецот Марк Гасол запиша 29 коша и 8 скокови. Словенецот Бено Удрих додаде 17 поени за Мемфис.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Кливленд 89-98
Атланта – Милвоки 77-107
Детроит – Индијана 119-109
Мемфис – Хјустон 111-117 (104-104)
Њу Орлеанс – Сан Антонио 97-90
Оклахома – Шарлот 98-75
Далас – ЛА Лејкерс 102-98
Денвер – Минесота 106-102
Портланд – Филаделфија 114-93
Сакраменто – Феникс 106-115