Бидејќи една од главните мети за кладење и играње Типстер викендов ќе ви биде Премиер лигата, ќе извадиме по малку статистика за да видите кој како игра на 26 декември.
ПЕТОК, 18 коло:
Челси нема пораз на последните 9 меча на „Боксинг деј“, скорот им е 5 победи и 4 нерешени. Поразот од Арсенал минатата година им ја прекина серијата на Вест Хем од три победи по ред во празничничните изданија. На последните 16 меча меѓу овие две екипи Челси има 12 победи, 3 нерешени и само еден пораз. Вест Хем на „Стемфорд Бриџ“ последен пат собрал 3 бода во 2002 година.
Фудбалерите на Ливерпул под водство на Роџерс ги загубија двата меча на „Боксинг деј“. Пред неговото доаѓање „Црвените“ загубија само две средби од вкупно 17 откако се игра на овој празник во Премиер лигата. Барнли нема постигнато гол против Ливерпул на последните 4 соочувања.
Овие две екипи имаат по само еден пораз на „Боксинг деј“. Кристал палас има и две победи и два порази, а Саутемтон две победи и три нерешени. На последните 10 меча Кристал Палас не успеал ниту еднаш да триумфира против Саутемптон.
На последните 12 соочувања Евертон има само два порази, а на останатите средби победил 5 пати и 5 средби завршувале без победник. Како тренер Роберто Мартинез нема пораз од Стоук. Скорот му е 3 победи и 7 нерешени.
Тотенхем нема загубено на последните 9 меча на „Боксинг деј“, туку 6 победи и 3 нерешени, а Лестер нема победа во декември на последните 14 меча. Последен пат тоа го сторија против Астон Вила во 2001 година.
„Црвените ѓаволи“ на 20 одиграни средби во „Боксинг деј“ имаат 17 победи, 2 нерешени и само еден пораз или поточно 10 победи на последните 10 меча на „Олд Трафорд“ на овој празник. Овие две екипи на „Боксинг деј“ се сретнаа и во 2012, а мечот тогаш заврши 4:3. Јунајтед е рекордер во англискиот фудбал со 49 победи на 26 декември.
Сандерленд има само еден пораз на последните 6 меча во „Боксинг деј“, додека фудбалерите на Хул ги загубија и двата одиграни меча на овој ден. На нивните 6 последни соочувања во Премиер лигата бил доделени 6 црвени картони.
Свонси во Премиер лигата рекордни 12 пати прв преминувал во водство, а 4 пати загубил. Имаат едно реми и еден пораз на „Боксинг деј“, додека Астон Вила победил на само една средба на последните 13 одиграни мечеви во „Боксинг деј“.
ВБА нема пораз на последните 3 меча на „Боксинг деј“, но има скор од само една победа, две нерешени и 5 порази. Манчестер Сити триумфираше на 5 од последните 6 меча. Граѓаните имаат 8 победи на последните 9 меча против ВБА и ги победија последните 18 натпревари во Премиер лигата кога Јаја Туре бил стрелец.
„Топџиите“ имаат 11 победи, 5 нерешени и само еден пораз, а КПР на 3 средби не победил ниту една на овој ден. Арсенал ги победите сите 5 последни градски дербија против КПР.
НЕДЕЛА, 19 коло:
Тотенхем – Манчестер Јунајтед
Саутемптон – Челси
Астон Вила – Сандерленд
Хул – Лестер
Манчестер Сити – Барнли
КПР – Кристал Палас
Стоук – ВБА
Вест Хем – Арсенал
Њукасл – Евертон
ПОНЕДЕЛНИК:
Ливерпул - Свонси
И бидејќи за Божиќ не им е доста со дупло коло, Англичаните продолжуваат со играње во првиот ден од 2015 година. Освен мечот Стоук – Манчестер Јунајтед (13:45) и лондонското дерби Тотенхем – Челси (18:30), сите други средби се играат во 16 часот. Од 2 до 6-ти јануари на програмата е третото коло од ФА купот и нови 32 средби за четири дена.