Фудбалер со двоен живот суспендиран до 129 години

Палестински репрезентативец бил откриен дека истовремено игра за два различни клуба од Израел и Палестина.

Атеф Абу Билал кој инаку има 11 настапи за селекција на Палестина настапувал во петтата израелска лига. Тој не криел дека има швалерка, туку два дреса кој ги менувал во зависност каде ќе го викнат да игра.

Израелската фудбалска федерација ја открила измамата на 30 годишниот играч од среден ред и воопшто не им се допаднало што скришно настапувал и за екипа од Палестина.

Паричната казна која му ја одредиле изнесува 200 евра, а забраната за играње фудбал одлучиле да му трае 99 години.

Билал беше дел од селекцијата на Палестина во квалификацискиот циклус за Мундијалот во Бразил, а фудбалската кариера ќе може да ја продолжи на 129 години.

23 декември 2014 - 13:03