Македонскиот ракометен шампион ја продолжува кризата, која се темели на финансиски проблеми и лоши резултати. По поразите од ПСЖ и Мешков Брест, скалпот им го зеде и Прво Планинаско друштво од Загреб.
Од денешната спортска програма на ТВ, ви го препорачуваме фудбалскиот класик на Јужна Америка, квалификации за ЕП 2016, ракомет Лига на шампиони, натпревари од регионалната кошаркарска лига, одбојка, како и тенис во Шангај.
Во втората од трите вечери на квалификациски фудбал за ЕП 2016, Холандија и Италија потешко од очекувањата славеа против аутсајдерите. Турција поразена на домашен терен од Чешка, убедливи триумфи на Белгија и Норвешка.
Сезона 1997/1998, прво коло во Серија А: Интер - Бреша. Милиони Италијанци очекуваа блесок на Роналдо уште на дебито кој дојде од Барселона за 48 милијарди лири (околу 30 милиони евра). Поведе Бреша со голот на Дарио Хубнер, а во последните 20 минути дебитираше и 21 годишниот Алваро Рекоба.
Македонскиот вицешампион в недела во „Јане Сандански“ ќе атакува на нова победа во третото коло од ракометната Лига на шампиони. Тимот на Рајн Некар е голем испит за Вардарци кои со евентуален триумф би направиле важен исчекор за врвот на табелата.
На 11 години Лионел прв пат стапнува во Каталонија, а од целиот свет Барселона е избрана само затоа што таму Меси има роднини. Значително поситен од сите останати, талентот на Меси го препознава само спортскиот директор на Барса, Карлос Рексач. Веднаш потпишува договор со малиот Меси, во ресторан на парче салфетка.
Од денешната програма на ТВ не ви го препорачуваме дуелот Македонија - Луксембург, затоа што сакаме да ве видиме на арената „Филип Втори“, каде на момците ќе им треба поддршка. За оние на кои им е покомотно во дневната соба, им препорачуваме еден дуел од нашата група и едно дерби на вечерта.
Првото коло во Бизнис лигата го комплетираа уште и минатогодишниот финалист Лукоил кој со висок триумф стигна до три бода против Sparkasse, а ONE и ЕВН одиграа без победник.
Од спорт на ТВ за денеска ви го препорачуваме настапот на Војдан Стојановски против НБА шампионот Сан Антонио, потоа натпревари од регионалната кошаркарска лига и меч од ракометната Лига на шампиони со ланскиот првак.
Македонскиот репрезентативец со АЛБА Берлин во среда од 20:00 часот ќе се измери против Сан Антонио Спарс, во рамките на Глобалните НБА игри ширум светот.
Италијанецот е нов тренер на Шалке, откако германскиот клуб реши да го отпушти Јенс Келер поради лошите резултати. Ди Матео заработуваше плата во Челси до јуни годинава, иако беше отпуштен пред 2 години.
Премиерлигашот летово ги продаде најважните играчи, но и покрај тоа во моментов е трет на табелата, зад Челси и Манчестер Сити. Роналд Куман се испостави како право решение за изворот на таленти.
Според извештајот на делегатот, вчерашниот натпревар меѓу Динамо Загреб и Локомотива (3:0) го гледале 1.757 гледачи. Телевизискиот кајрон покажа дека на стадионот се присутни 500 гледачи, а своја верзија на настанот имаат и фотографиите.
Дербито на колото во Серија А помина со три пенали, три црвени картони и тепачка. Потоа продолжи со трето полувреме пред камерите. Тоти изјави дека сите три голови на Јуве им биле нерегуларни и дека секогаш победуваат така, а тренерот на Рома Руди Гарсија рече дека шеснаесетникот бил 17 метри.
Фудбалерите на Интер уште еднаш се посрамотија во Серија А, откако Фиорентина вчера вечер со 3:0 ги испрати во Милано. Еден од головите на „виолетовите“ се врти по најавните шпици.
Спортската програма за денес нуди богат репертоар, а ние ви ги предлагаме финалето на тенискиот турнир во Кина како и дерби дуелите Челси - Арсенал и Јувентус - Рома.
Трката за ГН на Јапонија на патеката „Сузука“ донесе драматични сцени, откако Французинот Жил Бјанки имаше незгода после која го префрлија во болница. Поради обилниот дожд, пилотите на два пати почнуваа зад сигурносните возила.
Историскиот меч во новата сопствена сала, македонскиот вицешампион го одигра беспрекорно, а жртви беа ракометарите на Чеховски Медведи кои се загубија пред црвено-црните момчиња.
Спортската понуда овој викенд го нуди првиот меч на РК Вардар во новата сала, старт на АБА лигата каде настапува МЗТ Скопје, македонско фудбалско дерби и стандардни преноси од најсилните лиги.
Гостувањата на Карабах и Динамо Загреб против Интер и Селтик се покажаа како тешки тврдини за освојување. Локерен каде настапува Бесарт Абдурахими славеше против Металист. Беспрекорни во второто коло од ЛЕ беа италијанските претставници, а во Лондон, Демба Ба го спаси Бешикташ од пораз.
Второто коло од групната фаза во ЛШ се затвори со помалку голови од првата вечер. Триумфи остварија Баер Леверкузен, Арсенал, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Малме, Дортмунд и Базел. Порано вечерва, Зенит и Монако ремизираа.