И покрај тоа што 10 години по ред е шампион на Хрватска, редовно игра во Европа и има скапоцени играчи во составот, Динамо Загреб никако не успева да ги врати навивачите на трибините. Бед Блу Бојс се во бојкот, а Загрепчаните не го сакаат Здравко Мамиќ. Од таа причина „Максимир“ е празен не само на средбите од домашното првенство, туку и на европските, каде лани во ЛШ постави негативен рекорд со најмалку гледачи на еден натпревар.
Стадионот Максимир е изграден во далечната 1912-та година и неколку пати е преуредуван и реновиран. Капацитетот изнесува 35.135 гледачи а своите натпревари на овој стадион ги игра и хрватската репрезентација, чии играчи неколку пати се побунија дека не им се игра веќе пред празно гледалиште, па бараа хрватскиот фудбалски сојуз да ги префрли натпреварите во Сплит или во Ријека.