Сезона 1997/1998, прво коло во Серија А: Интер - Бреша. Милиони Италијанци очекуваа блесок на Роналдо уште на дебито кој дојде од Барселона за 48 милијарди лири (околу 30 милиони евра). Поведе Бреша со голот на Дарио Хубнер, а во последните 20 минути дебитираше и 21 годишниот Алваро Рекоба.
Уругваецот кој направи трансфер од Национал за 7 милијарди лири (3,5 милиони евра) ја употреби левата магична нога и го засени „ил феномено“. По мечот Рекоба доби оценка 8, а Роналдо 6,5. Историско видео: