Сите спорни моменти на мечот Јувентус - Рома

Дербито на колото во Серија А помина со три пенали, три црвени картони и тепачка. Потоа продолжи со трето полувреме пред камерите. Тоти изјави дека сите три голови на Јуве им биле нерегуларни и дека секогаш победуваат така, а тренерот на Рома Руди Гарсија рече дека шеснаесетникот бил 17 метри. 

Како Газета дело спорт ги опиша контроверзните ситуации.

11 минута: Контакт помеѓу Маркизио и Холебас (нема пенал). Од акцијата на Тевез од левата страна, топката во шеснаесетник завршува кај Маркизио кој во моментот на удар е во дуел со Холебас, но контактот не е за пенал.

26 минута: Рака на Мајкон (не беше за пенал). Слободен удар на Пирло во кој Мајкон ја удира топката со лакт, а со тоа си го штити лицето. Играта со рака не заслужува казна, но судијата Роки покажа на белата точка.

30 минута: Контакт помеѓу Лихштајнер и Тоти (сомнително). При еден слободен удар на гостите, бекот на Јувентус и напаѓачот на Рома се тегнеа во шеснаесетникот. За судијата тоа беше пенал за Рома. Најправилната одлука ќе беше да се понови слободниот удар.

48 минута: Контакт помеѓу Пјаниќ и Погба (правилно досуден пенал). Фаул во овој случај имаше без сомнеж, а се случи на самата линија од шеснаесетникот, момент кој тешко е да се оцени.

86 минута: Гол на Бонучи (регуларен). Видал се наоѓа дефанзивната линија на Рома, но голманот го гледа ударот на топката и никој не му смета. Според новите правила на ФИФА, не влијае одлуката дали Видал се наоѓа во просторот пред голманот.

89 минута: Дуел помеѓу Мората и Манолас (правилна одлука за црвен картон за двајцата)  Мората со лизгачки старт го фаулира Манолас, а потоа и двајцата се забуткаа.

Анкета: Јуве ја победи Рома 3:2, регуларен ли е резултат?

-Да, играше подобро, особено во второ полувреме (24%)

-Да, иако имаше грешки на судијата (11%)

-Не, најреално е да завршеше нерешено (14%)

-Не, Рома беше оштетена од судијата (52%)

Руди Гарсија доби црвен картон по овој гест наменет за судијата Роки

6 октомври 2014 - 11:55