Реми на стартот од Бизнис Лигата на Македонија
ArcelorMittal 3-3 (1-2) Dominos Pizza
ArcelorMittal: Игор Мирчевски 7’, 39’, Љупчо Шегмановиќ 25’
Dominos Pizza: Слободан Гајдов 13’, Александар Бојоски 19’, Никола Гајдов 30’
На самиот старт од овогодинешната Бизнис Лига на Македонија екипите на ArcelorMittal и Dominos Pizza одиграа натпревар со доста цврста одбрана уште на самиот почеток, која им овозможи преку контранапади да постигнат по еден гол. Со самиот звук на сирената екипата на Dominos Pizza поведе со 1-2, со кои се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на ArcelorMittal постигна гол во раната фаза, со што фати резултатски приклучок. Во понатамошниот тек од натпреварот екипата на Dominos Pizza имаше предност од еден гол разлика, но екипата на ArcelorMittal преку Игор Мирчевски кој постигна гол за конечни 3-3 на крајот од натпреварот.
TRANSMET го освои дербито на дебитантите
TRANSMET 6-4 (3-2) Контрола на летање
TRANSMET: Амер Скендеровиќ 2’, 8’, 33’, 36’, Бобан Велковски 9’, Енес Исаки 36’
Контрола на летање: Фарук Мифтари 3’, 19’, Љубе Стаменковски 35’, 37’
Новајлиите имаа одлично деби на самиот старт од Бизнис Лигата на Македонија. Двете екипи влегоа доста енергично, ставајќи акцент на играта во нападот. Екипата наTRANSMET го имаше во своите редови расположениот Амер Скендеровиќ кој постигна 4 извонредни гола. Кај екипата на Контрола на летање беше воочлив недостатокот на физичка подготвеност што на крајот се покажа како клучно. TRANSMET го доби овој натпревар со 6-4. Полувреме 3-2.
UNIQA супериорна во дуелот со Македонски Телеком
Македонски Телеком 3-6 (0-2) UNIQA
Македонски Телеком: Душко Симоноски 26’, Влатко Причков 28’, Ивица Вељановски 40’
UNIQA: Љуљзим Каштањева 17’, 23’, Ибиш Мисини 18’, Арбен Нухиу 30’, 35’, 39’
Екипите на UNIQA и Македонски Телеком кои важат за едни од претендентите за влез во F8 одиграа прво полувреме со доста цврста одбрана. Екипата на UNIQA во 18’ искористи мало невнимание во одбраната на Македонски Телеком и го претвори во гол за да набргу потоа постигне уште еден и отиде на полувремето со два гола разлика (0-2). На самиот старт од второто полувреме UNIQA го зголеми водството, но искуството на екипата на Македонски Телеком дојде до израз и со два гола фатија резултатски приклучок. Но тоа не беше доволно да се совлада вечерва расположената UNIQA која го доби овој натпревар со 3-6.