Ди Матео пак ќе вкрсти со Челси

Италијанецот е нов тренер на Шалке, откако германскиот клуб реши да го отпушти Јенс Келер поради лошите резултати. Ди Матео заработуваше плата во Челси до јуни годинава, иако беше отпуштен пред 2 години.

Откако Роман Абрамовиќ во сезоната 2012/2013 реши да го постави Роберто Ди Матео за в.д. тренер во Челси, поранешниот играч на клубот му возврати со трофеј во Лигата на шампионите и тоа против Баерн во Минхен.

Иако имаше важечки договор до 2014-та година, Абрамович немаше многу доверба во Ди Матео, па се одлучи во ноември 2012-та година да го замени со Рафаел Бенитез. Целата ситуација му одеше во прилог на Ди Матео кој иако не го водеше Челси, заработуваше 130 илјади фунти неделно.

Сопственикот на клубот, Роман Абрамович на таков потег се одлучил поради тоа што раскинувањето на договорот со Ди Матео автоматски ќе значи и обештетување од 5 милиони фунти, така што Ди Матео до јуни годинава земаше пристојна неделна плата.

Отказот го доби откако Челси загуби против Јувентус на гостински терен (3:0), во натпревар од групната фаза за ЛШ. Дуелот на Ди Матео со Челси е на 25-ти ноември во Гелзенкирхен. Во првиот натпревар од групата Г во Лигата на шампионите, Шалке со 1:1 успеа да извади еден бод во Лондон.

Бундеслигашот објави на Твитер дека Јенс Келер е отпуштен, затоа што имал разочарувачки 8 бода на 7 натпревари. Шалке загуби минатиот викенд 2:1 против Хофенхајм, а беше елиминиран и од германскиот Куп Покал од третолигашот Динамо Дрезден.  Келер беше тренер на Шалке од декември 2012-та година.

Ди Матео во Челзи: