По интересниот расплет со натпреварите од последното коло по групите од Лига Европа, познати се сите 32 патници во следната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување.
Комплетниот фонд на книги на Националната библиотека на Норвешка се дигитализира (се префрла од печатено издание на компјутер) и без разлика на авторот или сопственикот на правата, книгите ќе бидат бесплатни за читање.
Регионот на Југоисточна Европа се наоѓа на енергетски крстопат- во следните десет години се планира да се потрошат 30 милијарди евра за енергетски проекти во нашиот регион. Македонија, како?
Групата на смртта ќе добие разврска онака како што очекувавме, во последните 90 минути од групната фаза каде три големи екипи се борат за две места. Ништо не е решено и во останатите три групи каде вечерва ќе ги дознаеме и последните патници во топ 16 фаза.
Кошаркарите на Атланта Хокс го претрпеа 11-от пораз по 22 одиграни натпревари во НБА лигата. „Јастребите" без Перо Антиќ немаа одговор за одличниот Кевин Дурент.
Домаќините на следниот Мундијал најавија цела армија на обезбедување, како и разни софистицирани методи за кои ќе потрошат 600 милиони евра, а последните немили сцени ветуваат дека нема да се повторат на најголемиот фудбалски собир
Иако под „мит" обично се подразбира приказна која може, но и не мора да содржи веродостојни ликови, локации и настани, кога е во прашање туризмот неговите џи-пи-ес координати стануваат пресудни за (не)успехот на понудата. Во случајов за Одисеј се тепаат два града во централна Италија.
До сега истражувањата генерално се занимаваат со тоа дали сексот може да предизвика срцев удар, и тука одговорот е - не. Она што далеку помалку е истражувано е дали сексот може да се смета за фитнес вежба.
Пекинг има 12 милиони жители (замисли!!!) од нив 7,5 милиони се возачи. Затоа што тоа е неиздржливо за која било инфраструктура, од 2011-та регистарските таблички во градот се добиваат по основа на лотарија (на која според локалните сеирџиски муабети е потешко да ти се падне отколку на вистинската лотарија). Сега стана уште потешко.
Во фудбалот постојат два вида на напаѓачи: оние кои додаваат и дриблаат за да дојдат со топката до голот и оние кои ќе „распалат" од прва кога ќе им се укаже шанса. Следните десет припаѓаат на втората категорија.
Три пати не потсетуваа кој СÈ е во главна ложа. Ама никој не им јави дека дел од нив заминаа. Претпоставувам некои и воопшто не се појавија. Нека простат, за среќа не ме интересира политика, па не сум стигнал сите да ги знам. Но, знам дека заминаа министрите за труд и социјална политика и за образование. Претпоставувам поради работни обврски.