Супа Минестрон

Состојки

  • 3 стебленца целер
  • 2 моркова
  • 1 голема главица црвен кромид
  • Половина конзерва сечкани домати
  • Половина конзерва црвен грав
  • Една рака шпагети
  • 2 коцки за телешка супа
  • 2-3 чешниња лук
  • 600 милилитри вода
  • Сол и бибер
  • Маслиново маслo

Подготовка

Чекор 1: Прво исечкајте го сиот зеленчук. Овде користиме свеж целер – исечкајте го на парчиња...

Сега исечкајте ја главицата црвен кромид – овде можете да искористите и бел кромид, но колку повеќе бои, толку подобро.
Излупете ги и исечкајте ги двата моркова. Излупете го и исечкајте го лукот.

Чекор 2: Ставете 2 коцки за телешка супа во врела вода... Потоа ставете го и сиот зеленчук.
Варете ја супата околу 30 минути за да се свари зеленчукот…

Чекор 3: Сега ќе почнеме да ги ставаме и состојките кои на супата ѝ даваат текстура и вкус. Ставете ги исечканите домати... Мешајте ја супата додека ги ставате.

Потоа и шпагетите, кои ги искршивме на половина.
Следен ставете го гравот. Овде користиме црвен грав, но можете да ставите и бел грав кој сте го подготвиле однапред.

Крчкајте ја супата уште 10 минути.

Чекор 4: Време е за сервирање: Супата ја ставаме во длабока чинија со црпалка, а потоа одозгора ставаме потпечен црн леб и една рака свеж магдонос.

СОВЕТ: Супата минестроне има уникатен вкус кој може да се добие само со оваа комбинација на состојки... Тестенини, грав, телешка супа и сечкани домати... Таа е јадење самата по себе, па така можете да ја направите за време на викендот, да ја оставите во фрижидер и да имате брз ручек во текот на работната недела.

14 декември 2013 - 07:44