Состојки
- 2 големи кременадли од лосос
- 500 грама лиснато тесто
- Смеса од млеко и јајца (Треба да е доволно 1 јајце и 50 мл млеко)
- Една рака грашок
- Една рака спанаќ
- Една рака магдонос
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Прво ќе го исчистиме лососот од кожата со помош на остар нож за филети. Поминете со ножот меѓу кожата и месото.
Чекор 2: Исечкајте ги магдоносот и спанаќот. Измешајте ги заедно со грашокот и зачинете со сол, бибер и малку маслиново масло.
Чекор 3: Попрскајте ја масата со брашно и одвиткајте го лиснатото тесто. Тестото секогаш е полесно за работа кога е студено од фрижидер. Одмотајте го до дебелина нешто поголема од 1 сантиметар. Ставете една кременадла од лосос на средината од тестото. Со лажица ставете ја смесата од магдонос, спанаќ и грашок врз рибата и потоа поклопете ја со другата кременадла од лосос.
Премачкајте го тестото со смесата од млеко и јајца по страните и со нож направете правилна форма околу лососот. Вишокот леснато тесто ставете го настрана (или зачувајте го за друг рецепт).
Поклопете го лососот со тестото, преклопете го тестото уште еднаш и подвиткајте ги краевите навнатре. Ставете уште малку од смесата од јајца и млеко и направете линија која ќе ви помогне во преклопувањето.
Чекор 4: Превртете го тестото од другата страна и ставете го во тавата. Со четка премачкајте го целото тесто со смесата од јајца и млеко и зачинете. На крај земете мало ноже и засечете го тестото на неколку места, но внимавајте да не го издупчите целото тесто. Направете исто во спротивен правец и ќе добиете одличен ефект при сервирањето.
Чекор 5: Печете во обична рерна 30 минути на температура од 200 степени. Лиснатото тесто не треба да се пече на ниска температура затоа што ќе стане накиснато и мокро.
Чекор 6: Сервирајте така што едноставно ќе го расечете тестото на маса и спремни сте за јадење. Овој рецепт треба да е доволен за 4 лица.
СОВЕТ: Ви препорачуваме да ставите лесен гарнир како зеленчук варен на пареа и компир. Лесно ќе ги импресионирате Вашите гости на вечера ако го послужите ова јадење, но немојте да им кажувате колку е лесно за подготовка!