Во престолнината на Република Ирска, Даблин, во 12 часот по средноевропско време се извлекоа квалификациските групи за ЕП 2020 година кое за првпат во историјата ќе се игра на различни места во повеќе градови.
По фантастичното Светско првенство, најдобриот фудбал ќе продолжи преку натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Ждрепката во Монако донесе неколку мега дуели.
Нема веќе чуда, судбината му сврте грб на Хамбург - дојде крајот на една ера обележана со часовникот на „Фолкспарштадион“ - дигитален тајмер инсталиран во 2001 којшто до денес означуваше 55 години непрестано учество во Бундеслигата.
Срамниот обид за поголема заработка на дел од скопските сместувачки капацитети пред мечот од Супер Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е „мала маца“ во споредба со она што деновиве се случува во Киев.
Белорусинот Александар Хлеб ни донесе прилично лесна група, што со новиот систем на УЕФА која ги подели селекциите според рангирањето, беше за очекување. Едноставно МОРА да одиме на фајнал фор.
Македонската фудбалска репрезентација предводена од новиот селектор Бошко Ѓуровски ќе биде извлечена од претпоследниот шешир за квалификацискиот циклус на следното европско.
Зоран Стратев, В.Д. селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за квалификациските натпреавари со Велс и Србија.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Велс и Шкотска кои ќе се одиграат на 6 и 10 септември на Националната арена „Филип Втори" во Скопје.
Предводникот на македонскиот национален тим Чедомир Јаневски повика 21 фудбалер меѓу кои две нови имиња за последниот контролен натпревар пред квалификациите за Мундијалот во Бразил кои продолжуваат во септември.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2014 помеѓу Македонија и Белгија, кој ќе се игра na 22 март на арената „Филип Втори".
Големата фудбалска претстава во „Театарот на соништата" му припадна на Кралскиот тим кој со 2:1 го елиминираше Манчестер Јунајтед. На вториот дуел Борусија Дортмунд рутинирано си ја заврши работата против Шахтар со убедливи 3:0.
По првите 1:1 во Мадрид, најинтересната битка во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се решава на „Олд Трафорд". Во поповолна ситуација е Борусија Дортмунд по првите 2:2 во Украина против големото освежување оваа сезона, тимот на Шахтар.
Иако конечниот резултат на мега пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед заврши 1:1, гигантите на европскиот фудбал ги оправдаа очекувањата. Вториот дуел во Украина исто така заврши без победник, а на крајот беше 2:2.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го соопшти списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на пријателскиот натпревар против Данска.