Стратев го објави составот за Велс и Србија

Зоран Стратев, В.Д. селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за квалификациските натпреавари со Велс и Србија.

На листата со играчи нема многу промени во однос на предходните пресметки од квалификациите за Светското првенство 2014 година. Демири се враќа после повредата, Бабунски повторно е со најдобриот тим, како дебитант е повикан Алиоски од Шафхаузен, а Дејан Блажевски од Хоризонт Турново е единствениот повикан фудбалер од домашното првенство.

Во составот повторно нема место за нашиот единствен претставник во Премиер лигата, Горан Попов.

Дуелот со Велс се игра на 11 октомври во Кардиф, а четири денови подоцна и гостуваме на Србија во Јагодина.

Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија); Дарко Тофилоски (Кошице, Словачка); Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија)

Одбрана: Бобан Грнчаров (Ботев П., Бугарија); Стефан Ристовски (Латина, Италија); Николче Новески (Мајнц 05, Германија); Ванче Шиков (Волин, Украина); Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија); Даниел Мојсов (Бран, Норвешка); Ерџан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија).

Среден ред: Мухамед Демири (Ст. Гален, Швајцарија); Никола Глигоров (Хазар Ланкаран, Азербејџан); Остоја Стјепановиќ (Висла Краков, Полска); Предраг Ранѓеловиќ (Јагодина, Србија); Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија); Дарко Тасевски (Кирјат Шмона, Израел);

Напад: Адис Јаховиќ (Ворскла, Украина); Иван Тричковски (Васланд Беверен, Белгија); Александар Трајковски (Мехелен, Белгија); Горан Пандев (Наполи, Италија); Мирко Ивановски (Астра, Романија); Агим Ибраими (Каљари, Италија); Јован Костовски (Леувен, Белгија); Дејан Блажевски (Хоризонт Т., Македонија).