„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...
Фудбалерите на Ајакс бележат перфектен старт по првите две кола во ЛШ. Петарда во Лисабон против Спортинг, па триумф над Бешикташ за прво место во групата Ц. На Интер му се компликува патот до нокаут фазата, бидејќи по поразот на домашен терен од Реал, одигра само 0:0 на гости во Украина.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе од клупата во 85’ минута и беше дел од историскиот триумф во Лига на шампиони за клубот кој постои во многу необични околности. Сопственикот газдува буквално со сè таму.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Пред магичниот Килијан Мбапе, само двајца фудбалери во историјата успеале да постигнат дури три гола против Барса во Лига на шампиони. Интересно и двајцата стигнаа до тоа во 1997-ма.
Препознатливиот термин за ЛШ од 20:45 оди во историјата и ќе биде заменет со два термини, што значи дека ќе имаме можност да гледаме повеќе фудбал. Убавини. Новите правила им одат во прилог на Италијанците кои повторно ќе имаат 4 претставници во елитата.
По четири изминати кола во Лигата на шампионите имаме нова апдејтирана ранг листа која покажува дека екипите од Серија А треба да газат на меѓународна сцена за да си го вратат четвртото место.
Вечерва во Нион се извлече ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. Во групната фаза ќе гледаме неколку мега дерби средби како тоа меѓу Атлетико - Баерн и Реал - Дормтунд.
Студен како киевска зима пред голманите, Шева ги освои срцата на милиони и милиони миланисти. Од едно селце со 390 жители стигна до врвот на Европа и Златната топка за најдобар стрелец на континентот.
Од 1993 година кога Купот на шампиони смени име и систем на натпреварување, ниту еден клуб не го освоил овој Куп два пати по ред и тоа е единствен случај во светот на спортот.
Фудбалерите на Манчестер Сити во целост ја искористија фаворитската улога и со 1:3 го прегазија Динамо во Украина. На вториот меч вечерва, ПСВ - Атлетико Мадрид без голови.
Слично како во филмот „Сам дома", Манчестер Јунајтед си заминале од тренинг базата и тргнале на пат кон Украина без Дени Велбек, фудбалерот кој го постигна единствениот погодок на гостувањето кај Шахтар.
Европската куќа на фудбалот ги одреди двата града кои ќе ја имаат честа да бидат домаќини на двете финалиња од најквалитетните клупски европски натпреварувања за три години.
По првите 1:1 во Мадрид, најинтересната битка во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се решава на „Олд Трафорд". Во поповолна ситуација е Борусија Дортмунд по првите 2:2 во Украина против големото освежување оваа сезона, тимот на Шахтар.
Иако конечниот резултат на мега пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед заврши 1:1, гигантите на европскиот фудбал ги оправдаа очекувањата. Вториот дуел во Украина исто така заврши без победник, а на крајот беше 2:2.