По вчерашното извлекување на осминафиналните двојки за нокаут фазата во ЛШ, само 6 земји ќе ги следат своите екипи од февруари идната година, кога ќе бијат битка за трофејот на 3 јуни во Кардиф. Тоа се Шпанија, Италија, Англија, Германија, Франција и Португалија.
Се работи за топ 6 лигите кои важат за најсилни и најелитни во Европа. Шпанија е единствената земја со 4 претставници (Барселона, Реал, Севиља и Атлетико Мадрид), Англија ги има (Манчестер Сити, Арсенал и Лестер), Германија (Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен), Франција (ПСЖ и Монако), Португалија (Бенфика и Порто) и Италија (Јувентус и Наполи).
Ова е прв пат по 1999-та во осминафиналето од Лигата да на шампионите да се пласираат само екипи од големата шестка од Европа. Броењето почнува од 1999-та бидејќи претходно немаше нокаут фаза во топ 16, туку втора групна фаза.
Лани на пример во друштво на овие шест земји, свои претставници имаа и Русија, Холандија, Белгија и Украина, а во четири наврати имаше клубови од по седум земји.
Англија, Шпанија, Германија и Италија секогаш имале по барем еден претставник во осминафиналињата, а тоа се впрочем и земјите кои најмногу пати го кренале пехарот. Шпанија 16 пати, Италија и Англија по 12, а Германија 7 пати.
Французите не биле само еднаш во топ 16, додека Португалците имаат 14 од 18 учества.
Топ 4 лигите од Европа од сезоната 2018/2019 добиваат привилегии. Инаку за вчерашната ждрепка клик тука.