ПСЖ - Барселона, Баерн Минхен - Арсенал

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени двојките за осминафиналната рудна во најелитното клупско европско натпреварување.

Правилата пред ждребот за првата нокаут фаза во ЛШ се стандардни. Првопласираните од групната фаза се во еден сад, второпласираните во друг и не може да се сретнат екипи од иста земја.

Бранителот на титулата не може да се жали дека добил многу тежок противник, но Арсенал може. Кутрите Топџии веќе 6 сезони по ред се елиминирани во оваа фаза.

Осминафинале:

Манчестер Сити – Монако
Реал Мадрид - Наполи
Бенфика - Борусија Дортмунд
Баерн Минхен - Арсенал
Порто - Јувентус
Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид
ПСЖ - Барселона
Севиља - Лестер

Првите осминафиналните двојки се играат на 14/15 февруари и 21/22 февруари, а реваншите се закажани за 7/8 март и 14/15 март.

Финалето е закажано за 3 јуни во Кардиф.

На нашата ждрепка во петокот погодивме само еден пар.

12 декември 2016 - 12:19