Сензацијата на Динамо Загреб против Челси, очигледно само ги залажа Хрватите дека можат до осминафинале во ЛШ. Италијанскиот шампион ги суреди со 0:4 и за пласман во нокаут фаза, доволно им е реми против Салцбург во последно коло. Со дебакл и елиминација се соочи и Јуве, а пораз смееше да си дозволи европскиот првак Реал. Седумка на ПСЖ.
Јувентус немаше лек за Мбапе кој со два гола како на плејстејнш му донесе 3 бода на ПСЖ. Шахтјор го изненади Лајпциг на гости и тоа убедливо, а Сити, Реал и Бенфика и ја оправдаа фаворитската улога. Нерешено беше само во Австрија. 23 гола во воведното коло во Лига на шампиони кое продолжува во среда.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми го срушиja ланскиот европски првак во првото коло од групната фаза во Лига на шампиони. Човек на одлука е Мирослав Оршиќ.
Интер синоќа си замина со победа од Енфилд Роуд, недоволна за пласман во четвртфинале, а момците на Клоп се изнапромашуваа зрели шанси, особено во второ. Салах ја искрши стативата, а Видал на крај ептен му се најде на Хандановиќ.
Во претпоследното коло од Лигата на шампиони, екипата на Манчестер Сити е елиминирана по ремито со Реал Мадрид, а пласман во следната фаза обезбедија Порто, ПСЖ, Шалке, Арсенал, Малага и Милан.
Актуелниот шампион е пред елиминација откако во претпоследното коло загуби на гостувањето кај Јувентус. Меси постигна уште два гола и се доближи на само пет погодоци до рекордот на Милер, Манчестер Јунајтед не го преживеа пеколот во Истанбул, а Валенсија и Баерн Минхен одиграа нерешено.
Актуелниот европски шампион го победи Шахтјор со гол во 94-та минута, а Манчестер Јунајтед триумфираше во Брага со пресврт во последните минути. Најголемото изненадување го приредија фудбалерите на Селтик кои ја победија Барселона.
Засилувањето на ПСЖ за кого тие платија 30 милиони евра, Езекиел Лавеци синоќа влезе во игра против Порто во 73-та минута, но теренот го напушти по само 8 минути игра. Тренерот Анчелоти тврди дека морал да го извади од игра затоа што му се обновила повредата, но според начинот на кој што тој го истури својот бес на фрижидерчето со вода, можеме да заклучиме дека нозете му се во ред.
Во најинтересниот дуел од денешните натпревари во Лигата на шампиони, Бенфика ја пречекува Барселона, а кога и да се сретнале овие две екипи во минатото, поуспешниот на крајот од сезоната секогаш го подигал шампионскиот трофеј.
Кристијано Роналдо повеќе не е тажен. Тој ја врати насмевката откако Реал Мадрид со неговиот гол во последна минута успеа да го совлада Манчестер Сити и покрај тоа што на два пати губеше во самата завршница. Очекувани победи славеа и Порто, ПСЖ, Арсенал, Шалке, Малага и Борусија, а единствено киксна Милан.
Европскиот шампион од сезоната 2010/11 е фаворит на кладилниците за освојување на титулата во Лигата на шампиони, а нивниот коефициент уште повеќе се намали откако беа извлечени групите и Барселона доби многу полесни противници од вториот фаворит Реал Мадрид.
Лигата на шампиони не е приватна забава на фудбалски гиганти со големи стадиони и богата историја. Тоа го докажа и поранешниот клуб на нашите Џевдет Шаиноски и Бајрам Фетаи, малиот дански клуб Нордсјеланд кој со добра организација и развој на млади фудбалери стигна до европската елита.
Градот домаќин на финалето од Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Челси ќе се офајди за околу 50 милиони евра, а единствено во зијан ќе отидат навивачите кои немаат влезници и својата среќа ќе си ја пробаат кај тапкарошите.
Минхенската полиција ќе има огромни проблеми за да ги спречи планираните крвави тепачки помеѓу навивачите на Баерн Минхен и Челси за време на финалето од Лигата на шампиони.
Екипата на Челси вечерва со гол предност на Камп Ноу се среќава со актуелниот европски шампион на полуфиналниот реванш натпревар од Лигата на шампиони. Ќе успее ли Барселона да ја надмине негативата или ќе се збогува со својот пехар?
Челси и Реал Мадрид се последните полуфиналисти од Лигата на шампиони. Челси се намачи против десетмина фудбалери на Бенфика, а АПОЕЛ се збогуваше со пет примени, но и два дадени гола против Реал Мадрид.
Познати се сите четврт-финалисти во Лигата на шампиони, но за жал Македонија нема да има двајца претставници помеѓу најдобрите осум во Европа. Челси го елиминираше Наполи чиј член е Горан Пандев, а Реал Мадрид рутински ја совлада ЦСКА Москва.
Продолжи мизеријата на Интер. Гигантот од Милано го победи Олимпик Марсеј, но сепак е елиминиран од Лигата на шампиони. Баерн Минхен не само што ја надмина негативата, туку и се поигра со Базел, совладувајќи ги Швајцарците со 7:0.
Иван Тричковски со АПОЕЛ на пенали го елиминираа Лион и се пласираа помеѓу најдобрите осум екипи во Европа, а неверојатниот Лионел Меси се запиша во историјата на Лигата на шампиони со „петардата" при победата на Барселона над Баер Леверкузен од 7:1.
Арсенал се најде на прагот на сензација откако по оние 4:0 во Милано, избраниците на Арсен Венгер по првото полувреме водеа со 3:0, но на крајот Милан со вкупни 4:3 се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Вториот четвртфиналист е екипата на Бенфика која го победи Зенит со 2:0.