Во првите 100 дена од војната во Украина, од извозот на фосилни горива Русија заработи 93 милијарди евра, а просечната извозна цена беше за околу 60 отсто повисока од минатата година. Најголемиот дел од фосилните горива на Русија ги купија земјите-членки на Европската унија.
Репотажа од деминирање патека во Украина која многу успешно исклучува еден клучен детал што нема да го фатите дур не ви го кажат, па после ќе ви дојде незгодно од сами себе.
Ситуацијата со која треба да се бори украинскиот генералштаб е: борбени сили кои се премногу развлечени на фронтот, и неможност за стопирање на борбите бидејќи секое паузирање ќе биде од корист на Русија.
Судбината на Донецк и Украина се решава на улиците на Северодонецк, порачува Зеленски, а снимките од уличните битки покажуваат дека и украинската армија идентично го сфаќа градот и неговата одбрана.
Гардијан ги пренесува песимистичките оценки и проценки на вториот човек на украинското воено разузнавање. Артилериските битки на фронтовите ќе ја одредат судбината на териториите зафатени со судири а таму ситуацијата е 1 спрема 15 во корист на Русија.
Ние сакаме да го финансираме мирот а не војната, порача унгарскиот премиер за одлуката да не праќа оружје за Украина. Но вели дека моќни бизнис центри имаат поинаков интерес: војната да продолжи бидејќи тие од неа профитираат. Не е тешко да се погоди на кого мисли Виктор Орбан.
Половина од Германците и сите држави сојузници веруваат дека германскиот канцелар може да направи многу повеќе за да и помогне на Украина. Прашањето на Шпигел е „тогаш зошто не прави?“
Мапа на воените дејствија во Украина од прв ден, па некаде до крајот на мај. Чисто, клиничко, ладнокрвно, со нула емпатија, како да е анализа на шаховска партија.
Во еден редок пример на добри вести во изминативе месеци беше прифатен турскиот план и понуда да го придружува бродскиот транспорт на украинско жито до остатокот од светот. Затоа што нема зошто да се очекува среќа периодов, излезе дека ќе требаат најмалку 6 месеци да се расчистат сите морски мини поставени во Црното море.
Европски компании за бродски транспорт се предводници во „подбивање“ со европските санкции против Русија, успевајќи да ги дуплираат своите пратки со руска нафта од почетокот на инвазијата на Украина.
Откако од трета мајка успеа да излезе од родна Украина, поранешниот украински претседател и несуден херој од одбраната на Киев, Порошенко деновиве е снимен на прошетка низ Лондон. Украинска правда пишува дека Порошенко официјално имал „излез“ до 2-ри јуни. Тој се уште не е вратен во Украина.
На пауза од фронтот украински и полски добрoволци од единицата Карпатска сич, излегоа пред камера за да кажат што имаат околу „Киев прајд“ парадата закажана за 25 јуни во Полска или според нив „организирана ЛГБТ провокација“.
Војните во странство обично се најпопуларни на почетокот, посебно ако на американската јавност и се рекламирани во морално апсолутни термини, меѓутоа освен ако не се завршат релативно брзо со одлучна победа, јавната поддршка и политички консензус почнуваат да се распаѓаат. И изгледа дека токму ова се случува со војната во Украина.
Во последниот натпревар за пласман на европска селекција на Светско првенство 2022, Велс на домашен терен во финалето на баражот ја совлада Украина со 1:0. Единствениот гол беше автогол на најдобриот украински фудбалер Андреј Јармоленко по слободен удар на Герет Бејл.
Грчки бродски компании прават огромни профити маскирајќи го транспортот на руска нафта. Или префрлаат товар од брод на брод или одат директно до руските пристаништа и сето тоа не се смета за кршење на западните санкции.
Виктор е војник на народната милиција на ДНР кој бил заробен од Украинците и кој, според руските медиуми, бил толку измачуван (столчен череп / искршена рака и прсти / боден со нож во грб) што е чудо што преживеал. Вака очекуваните руски тврдења за украински злостроства добиваат на тежина во моментот кога еден заробен Украинец ќе го здогледа Виктор.