- Бродот не е дел од глобално исчекуваното отворање на Црното море, туку тргнува од Балтикот, од полското пристаниште Свиноујшќе, и се работи за отворање на сосема нова поморска рута.
- Бродот кој плови под финско знаме е товарен со 18.000 тони украинско жито кое се користи за сточна храна. Житото со камиони и возови е превезено од западна Украина во Полска.
- Истата компанија што го увезува ова жито, Агафак, обично 40% од житото (или околу 400.000 тони) го увезува од Украина во периодот од јануари до јуни.
- Организацијата Big Brother Watch открива дека помеѓу 2021 и 2025 година биле уапсени 62.199 лица за дела поврзани со слободата на говорот, што претставува приближно 34 апсења дневно.
- Од нив, најмалку 18.500 лица биле обвинети, а 12.292 биле осудени. Наодите се базираат на барања за слободен пристап до информации.
- Групата открила и големи географски разлики во спроведувањето. Полицијата во Камбрија регистрирала околу 25,7 апсења на 10.000 жители во текот на пет години, во споредба со само 1,9 во соседната Нортумбрија.
- Big Brother Watch тоа го нарекува „Лотарија на поштенските кодови“.
- Околу 30 роботи протестираа пред полското министерство за дигитални прашања, барајќи построга регулација на вештачката интелигенција и роботизацијата.
- Организаторите, кои се луѓе, велат дека е потребна поголема јавна дебата за влијанието на новите технологии врз пазарот на трудот.
- Министерот за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски се сретнал со демонстрантите (?), им кажал дека неговиот оддел работи на потребните регулативи. Еден од организаторите рече дека плановите што моментално ги дискутира парламентот содржат недоволна заштита за работниците.