Спортската сабота е стандардно богата со фудбалски натпревари. За тие што сакаат да гледаат ракомет, Вардар игра претпоследно коло од групната фаза во ЛШ, а на програмата имате скијање и Ол стар натпревар во НБА.
Ќе ризикува ли Ливерпул со ровитиот Даниел Стариџ, може ли Брадфорд до уште едно чудо и што има во продавницата на Арсенал и Лестер? Одговор на овие прашања ќе донесат натпреварите од ФА купот кои се играат викендов.
Забивањето и заминувањето на Мајкл Џордан, шоуто на Шекил О'Нил, враќањето на Меџик Џонсон по ХИВ позитив, Јао Минг, Леброн како најмлад МВП. Тоа се само дел од моментите што го одбележаа најголемото кошаркарско шоу кое се одржува овој викенд по 64-ти пат, а домаќин е Њујорк.
Во единствениот натпревар синоќа, Чикаго Булс го совлада Кливленд Кавалирс 113:98. Во 34. победа на Булс сезонава, доминираше Дерик Роуз со 30 поени и седум скокови. Тоа беше 22. пораз за Кливленд сезонава.
30 проценти од Американците се обидуваат да го намалат или елиминираат глутенот во својата исхрана. На ниво на цел САД само 1% од населението има проблеми со глутен, останатите 29% имаат проблеми со паѓање на реклами.
Изборот за најдобар гол за месец јануари во шкотското фудбалско првенство оваа година е од посебно значење, бидејќи во него нема да учествуваат само фудбалерите со нивните ремек дела.
Легендарни фудбалски имиња како Пеле, Франц Бекенбауер, Јохан Кројф и Џорџо Кинаља во залезот од својата кариера беа на печалба во северно американскиот континент. Во средина од 70-те полу хрватски клуб со помош од црквата стана шампион.
22-годишниот Шпанец ја почна 2015. година како главен во напаѓачката хиерархија на Јувентус. Одличната партија против Милан го препорачува за стартер и во Лигата на шампионите.
Немам јас ништо против здрава исхрана, ниту пак против било каква исхрана кога сме на таа тема, но страшно ме револтира кога некој ми продава американски приказни за нездрава исхрана и прекумерна тежина кога луѓево едвај успеваат месецот да го преживеат и да стават каква било храна у фрижидер и негде низ кујна.
На 4,5 милиони долари за реклама од 30 секунди, редно е и малку подетално да знаеш како ти минало видеото кај публиката. Ембед.ли пресметува колку пари платиле брендовите и колку минутажа собрале за тоа.
Египет сè уште ги брои жртвите од синоќешниот судир на полицијата и навивачите, а ова е втор пат за три години поради иста причина да го суспендираат фудбалот во оваа земја. Од само 16 големи инциденти во поновата историја вкупно загинаа околу 700 луѓе во или околу стадионите.
На 30. издание на Африканскиот Куп на нации имаше неколку изненадувања. Разочараа Камерун и Сенегал, рано испаднаа Тунис и Алжир, а свое шоу имаа и домашните навивачи, кои не се помирија што Екваторијална Гвинеја не влезе во големото финале.
Ако викендов не ви беше доста од спорт, седнете пред тв и денес. Вардар и МЗТ имаат натпревари во регионалната ракометна и кошаркарска лига, а има и фудбалски меч од Серија А, прегледи со голови и Светско првенство во скијање.
Од Германија и Англија, до Франција и Италија, викендов во Европа паднаа неколку ефектни голови кои го обележаа колото. Во Бразил, голманот Рожерио Сени го даде 124. гол во својата кариера.
Само два поени за Перо Антиќ во поразот на Атланта од Мемфис Грзилис 94:88. Во саботата му дадоа 124 поени на Голден Стејт, а синоќа Хокси беа задржани на само 88 поени. Дури три натпревари се решаваа во последните секунди.
Во неделната спортска понуда преовладуваат фудбалските натпревари ширум Европа, а за тие што сакаат повеќе кошарка ќе може да гледаат два меча од регионалната лига и по еден од македонската и НБА лигата.
Неочекувано лесно и убедливо Вардар го совлада словенечкиот Крим 41:30 во продолжението од групната фаза на ЛШ. Најзаслужни за првите бодови во ТОП12 фазата беа Јованка Радичевиќ со осум погодоци и Лекиќ и Дембеле со по шест голови.
Диего Симеоне и оваа сезона покажува дека парите кои ги трошат големите екипи, не се пресудни за да се победува секогаш и секого. Реал Мадрид од Висенте Калдерон си замина посрамотен со четири парчиња во мрежата, а момент за издвојување е голот на 20 годишниот Саул кој влезе во игра во 10 минута наместо повредениот Коке и по 8 минути направи шоу.
Во најдобрите европски лиги, викендов ќе се одиграат неколку дербија, од кои повеќето се градски. Во Англија, Ливерпул ќе му гостува на Евертон, а Арсенал на Тотенхем. На Пиринеите, Атлетико и Торес повторно го чекаат кралскиот клуб. Дерби и во Италија и Португалија.
Изборот го прави АрчДејли, а во него околу 30.000 архитекти и ентузијасти учествуваат во процесот на избирање на 70 финалисти од 3.000 номинации, а потоа и во избирање на победници во 14 категории.