По што ги паметиме Ол Стар натпреварите?

Забивањето и заминувањето на Мајкл Џордан, шоуто на Шекил О'Нил, враќањето на Меџик Џонсон по ХИВ позитив, Јао Минг, Леброн како најмлад МВП. Тоа се само дел од моментите што го одбележаа најголемото кошаркарско шоу кое се одржува овој викенд по 64-ти пат, а домаќин е Њујорк.

Летечкиот Мајкл во 1988. година го изведе легендарното забивање од слободни фрлања:

Ол Стар викендот е спектакл. Тоа го докажа Шек О'Нил кој на претставувањето излезе со спремна кореографија:

Во 1992. Меџик Џонсон се врати на Ол Стар натпреварот, три месеци откако ја заврши кариерата. На тој натпревар по втор пат стана МВП на еден Ол Стар дуел:

 

Во 2006. година во Хјустон, Леброн Џејмс стана најмладиот играч што ја освоил МВП наградата за најдобар играч на Ол Стар натпреварите:

Годинава на Ол Старот нема да игра Коби Брајант поради повреда. Капитенот на Лејкерс од 2007. до 2011. се закити со три МВП награди и заедно со онаа од 2002. година стана најнаградуван во историјата на Ол Стар натпреварите:

 

На последниот Ол Стар за Мајкл Џордан, Коби Брајант се расплаче за неговиот идол, а потоа доминираше на паркетот:

 

Во 2008-ма се роди ново ривалство меѓу Коби Брајант и наследникот на Џордан, Леброн Џејмс:

Еден од најдобрите Ол Стар натпревари се одигра во 2001. година. Ален Ајверсон или „Одговорот" како што го викаа одговори на прашањето кој ќе го замени Мајкл Џордан на Ол Старот:

Во 2009. година, плејот Нејт Робинсон кој е висок 1,75 мораше да измисли нешто. Што има подобро од тоа да го победиш шампионот од претходното издание, Двајт Хауард и да му скокнеш преку глава:

 

Во натпреварот за најдобри тројкаши, минатата година победи Италијанецот Марко Белинели и така влезе во друштво на Бирд, Ален, Стојаковиќ, Новицки:

Рекордот во постигнати три поени на Ол Стар викендот го држат Крег Хоџ (Чикаго Булс) и Џејсон Капоно (Торонто Репторс), кои уфрлија 25 од 30 шута: