НБА Ол стар

Вигинс ги победи домашните, доминација на тимот на светот

Со рајзинг стар натпреварот меѓу тимот на светот против кошаркари од САД, синоќа се отвори Ол стар викендот во Бруклин. Славеа „странците" 121:112.

Најкорисен играч, воедно и кошаркар со најатрактивни потези синоќа беше првиот пик на драфтот, Ендру Вигинс, кој за 23 минути постигна 22 поени, шест скокови и четири асистенции.
 
Покрај Вигинс, се истакнаа уште и Французинот Руди Гобер со 18 поени, 12 скокови и три блокади, како и Бојан Богдановиќ и Никола Миротиќ кој запишаа по 16 поени. Кај домашната селекција, најефикасен беше двоецот Виктор Оладипо-Зек Левин кој уфрлија по 22 поени или вкупно 44 погодоци. Треј Брук додаде 17.
 
Синоќешниот натпревар изобилуваше со атрактивни потези:
 
Забивањето на Зек Левин:
 
Сопственикот на Мемфис Гризлис, Роберт Пера знае да забива:
 
Гоберт блокираше, Шродер „куцаше“:
 
Блесокот на Ендрју Вигинс, првиот пик на драфтот сезонава:
 
Во Бруклин во сабота се одржува натпреварување во тројки, а во недела, во 2:30 по средноевропско време во Медисон Сквер Гарден во Њујорк ќе се одигра спектаклот и дуелот меѓу Истокот и Западот.