Светов историски знаел да биде и поопасен и поужасен, ама тоа е мала утеха за некој кој денес е под постојан наплив на информации за терористички напади и природни катастрофи. Една нуспојава на оваа вербална врева околу овие теми е - што снемува зборови тие да се опишат.
Во својот говор пред Обединетите нации во вторникот Трамп се закани дека „целосно ќе ја уништи“ Северна Кореа доколку САД бидат присилени да ги бранат своите сојузници. Следеше бура реакции, од кои најживописните навреди на англиски дојдоа од неочекуван извор.
На овогодинешното доделување Еми, за многумина неочекувано, доминираше дистописката серија правена според роман на Маргарет Атвуд, која победи во пет од категориите. Често означувана како „научна фантастика“, таа е всушност спекулативна фикција, составена од работи кои историски веќе се имаат случено.
Вчера, 12.09, од печат излезе новата книга на Хилари Клинтон, „Што се случи“, која се однесува на последните претседателски избори во САД. Дали таа ќе влезе во пантеонот на големите политички мемоари или ќе биде уште една пост-политичка крава за молзење уште по некој долар, тоа е рано да се процени. Но она што е поинтересно е колку реално луѓето се интересираат за вакви изданија.
Во последно време ни се случува еден парадокс: додека слушаме дека веќе е роден првиот човек кој ќе живее вечно, и дека човечкиот век генерално се продолжува, околу нас се разболуваат и на млади години умираат куп познати и пријатели. Добро, кај е тој трансхуманизам што го зборите?
Фото-бомба се вика кога неповикан ќе се испрчиш на нечија слика. Оваа е „на денот“ бидејќи натрапникот не е меѓу двајца луѓе туку меѓу две небесни тела.
Како што пишувавме тука, Њујорк Тајмс во моментов живее едни од најславните моменти од својата историја, но кубури со пари. Во склад со планот за отпуштање вработени со отпремнина, по своја волја заминуваат и дел од истакнатите новинарски пера. Меѓу нив и Мичико Какутани, главната книжевна критичарка на весникот и добитничка на Пулицер.
Не е прв пат нешто што ни звучи исто толку глупо колку што стварно е (мелодиски, поетски, жанровски) да е ултра-мега-популарно. Ама не би било истражувачки доследно ако не се запрашаме - зошто?
Дали машина која (засега) не е способна за емоционални доживувања може да напише поезија која ја трогнува душата? Морничаво е да се признае, ама изгледа дека е доста блиску.
„Која светска метропола сте?“. „Кој тип италијанска паста?“. Ваквите тестови кои често знаат да искрснат на Фејсбук и наивно да бидат кликнати од досада, всушност не се толку наивни.
Имаше многу фотографии од последниот Г-20 самит но една од нив ги собра сите вирални симптоми. Онаа на која Путин седи како Ѕинго на пауза од конгрес на социјалисти.
Луѓето кои се обидуваат да го надминат јазичниот јаз на значајни меѓународни средби на политичкиот врв служат не само како „обични“ преведувачи туку и како де факто дипломати.
Некоја надобудна 20 годишна студентка фатила па ја зачистила ѕвездата на Доналд Трамп на холивудската патека на славните (како кај нас теткине што чистеа споменици) и гордо покажала како се покажува почит кон претседателот. Нормално, ја издишија од ремет. Не со онаа овдешна патетика (од кај ѝ се парите за крпчињата, се чисти ли фашизам и сл) туку со хумор и иронија од кои нема одбрана.
Њујоршка изведба на „Јулие Цезар“ во која беше „убиен“ Трамп овој месец предизвика протести и повлекување на спонзорите. Aма Полјаците беа први во сличен театарски скандал, иако за нив подоцна се дозна. Нивна „мета“ - католичката црква и лидерот на полската владеачка партија, Јарослав Качински.
Популизмот денеска се смета за негативна политичка опција. Но токму популизмот му донесе победа на Трамп. Кратко видео со аргумент дека Демократите треба да се вратат на своите корени и да изградат свој економски популизам, не како оној на Трамп туку како модел кој ќе го заштити капитализмот од монополите и коруптивното влијание на големите пари врз политиката.
Може е стереотип, ама може и Велешани малку да олабават со здравје / фитнес / Трамп вебсајтови, и да извадат еден ваков нивен автентичен бренд, наместо како билмези да се редат пред странски новинари и да објаснуваат како направиле сајт за лажни вести затоа што морале да го прехранат семејството. Човеков се вика Крис Кејси, прави грнци и тоа го прави на Инстаграм пред речиси 65 илјади луѓе.
Можете да замислите ситуација во која наши лингвисти, преку профил на Речникот на македонскиот јазик, на социјални мрежи ги корегираат политичарите низ поучни но и комични постови? Ни ние. Ама некои други лингвисти го искористија моментот за да поделат по некоја лекција.
Ако успешен македонски уметник прави филигран или креира облека инспириран од локалната традиција, тоа се смета за промовирање на истата. Кога тоа го прави (не-домороден) канадски уметник, тогаш тоа е расизам, плагијат, кражба. Можна ли е уметност во такви услови?
Што е разликата помеѓу Бетмен, Супермен, Вондер вуман, Тор, Ајрон мен oд една, и Доналд Трамп од друга страна? Првите се моралистички аристократи со комплекс на супериорност, кои автократски ја наметнуваат својата идеја за „праведност“. Вториот е актуелниот претседател на САД. Очигледно, нема разлика.
Џони Кеш за првпат пред публика изведува нова песна. Ни помалку ни повeќе туку Man in Black, пред да биде објавена на албум. Малку контекст: годината е 1971, виетнамската војна е во полн ек, млади војници на големо се враќаат дома во ковчези. А Кеш, ладен како надгробна плоча, на студентиве им раскажува зошто носи црно. Нема појако.