Мајка ти, перење алишта и вовед во политичка терминологија

Разните видови политичко уредување и поврзана терминологија сведени на проблемот со твоите валкани алишта и мајка ти како одговорна за нив.

Капитализам: мајка ти ги пере алиштата. Ѝ плаќаш еден долар. Таа се жали.
Викаш полиција и ја обвинуваш дека прави нереди.

Комунизам: мајка ти ги пере алиштата. Ти ги переш алиштата. Секоја вечер отпоздравувате пред сликата на татко ви.

Социјализам: мајка ти ги пере алиштата. Ти готвиш. Сите теоретски сте среќни.

Фашизам: мајка ти ги пере алиштата додека стравува за сопствениот живот.

Нацизам: мајка ти ги пере алиштата. Ти пушташ гас во пералната.

Феудализам: мајка ти ги пере алиштата и ти плаќа данок.

Либерализам: ја гледаш мајка ти како ги пере алиштата и стварно ти е криво за тоа. Порачуваш: "Нешто мора да се преземе". Нешто може или може нема да се преземе.

Либертијанизам: мајка ти ги пере алиштата. Ти веруваш дека ти си ги испрал.

Религија: мајка ти ги пере алиштата. Ти си му благодарен на Господ.

Атеизам: мајка ти ги пере алиштата. Ти правиш Јутјуб видео во кое бараш научно потврдени докази дека таа стварно ги испрала алиштата.

Мизогонија: ја мразиш мајка ти без разлика дали ги испрала алиштата или не.

Патријархат: мајка ти не постои. Алиштата мистериозно се испрани.

Поборници за права на мажите: мајка ти ги пере алиштата. Ти ја викаш курва.

Матријархат: мајка ти ги пере алиштата. Ти ги переш алиштата. Вистински си среќен што помагаш низ дома.

Феминизам: мајка ти инсистира да пораснеш и сам да ги переш алиштата.

Бел феминизам: мајка ти ангажирала жена со друга боја за да ги испере алиштата.

Анти-феминизам: мајка ти те напуштила. Минува една година. Со валкани алишта пишуваш "курва" на патосот.

Холивудизам: ти си Колин Фарел. Мајка ти е Анџелина Џоли. Постои сексуална напнатост. Неименувана црна слугинка ги пере алиштата.

Исламофобија: мајка ти ги пере алиштата. Заборава еден чорап. Ти ја обележуваш како хигиенски терорист.

Расизам: мајка ти ги пере алиштата. За тоа ги обвинува црнците.

Културолошко присвојување: мајка ти ги пере алиштата. И ги крадеш валканите алишта и ја имитираш пред публика. Публиката ти дава пари.

Колонијализам: упаѓаш во собата на мајка ти. Тврдиш дека ти си ја "открил". Ги истураш сите твои алишта на патос.

Нео-капитализам: мајка ти пере.
Ѝ плаќаш долар. Ѝ даваш да ги пере алиштата на другар ти. На другар ти му наплаќаш 50 фунти.

Пост апокалиптично: нуклеарна зима. Последни денови на човештвото. Бункерот на Трамп. Меланија ги пере алиштата.

Корпоратизам: мајка ти размислува да не ги пере алиштата. Му плаќаш на другар ти 35 фунти за да лобира во твое име. Не му успева. Ја тужиш мајка ти за "емоционална саботажа".

Американизам: мајка ти ги пере алиштата. Тоа е според уставот. КРАЈ НА РАСПРАВАТА.

Менсплејнинг: мајка ти ги пере алиштата. Ти ѝ кажуваш како е најдобро да се перат алишта.
Никогаш немаш перено алишта.

Сексизам: нормално дека мајка ти ги пере алиштата.

Брегзит: одбиваш да ги ставиш алиштата во корпа. За возврат, мајка ти повеќе не ти ги пере алиштата. Носиш замирисани алишта.

виа @BeninCitizen

22 август 2017 - 15:40