Русофилите го мавнаа на лажна фотка

Имаше многу фотографии од последниот Г-20 самит но една од нив ги собра сите вирални симптоми. Онаа на која Путин седи како Ѕинго на пауза од конгрес на социјалисти.

Сета ја виделе, рускиот цар, мудро и одговорно задлабочен во сопствените мисли за иднината на космосот и пошироко, додека околу него овие небитните (Трамп, Ердоган и слична ситна боранија) се трудат и нешто нивно да влезе во тој генијален софтвер.

На оригиналната фотографија, све је исто само њега нема. И Путин и натписот „Руска федерација“ дополнително се додадени во Фотошоп.

 

11 јули 2017 - 08:14