ФУСТАНОТ НА МЕЛАНИЈА ГО РАЗБЕСНЕ СВЕТОТ,КАДЕ СО ТОЈ ФУСТАН МАЈМУНКО

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Доказм.

Првата дама на САД, Меланија Трамп, стана жртва на сајбер малтретирање откако на говорницата во Обединетите нации излезе да држи говор за опасностите од малтретирањето облечена во розева, преголема облека. Меланија,поранешен модел, носеше фустан на Delpozo, луксузна модна марка. Таа ги повика луѓето во нејзиниот говор да осигурат дека нивните земји ги штитат најранливите популации, деца и млади луѓе, од малтретирање.

Иако таа зборуваше за опасностите од сајбер-малтретирањето, самата стана жртва на однесувањето што се обидуваше да го смени. Твитер корисниците брзо реагираа на фотографиите на првата жена критикувајќи го изборот на нејзината облека за ОН, капут-фустан во розева боја.

Некогашната манекенка светеше во неонска волнена креација која се состои од волуменизирани ракави и каиш кој и го нагласи нејзиниот тенок струк. Иако никој не може да и го оспори одличниот моден вкус, јавноста сепак остана револтирана поради фактот што убавата Словенка носела креација од 3.000 долари, додека во исто време зборуваше за гладните деца во светот.

– Ниту едно дете не смее да биде гладно, уплакано, тероризирано, малтретирано, изолирано и да нема каде да се скрие. Секое дете треба да го научиме на вредностите на емпатија, љубезност, внимание, интегритет и лидерство, кои можат да им се објаснат само со личен пример, истакна првата дама на САД.

4 октомври 2017 - 15:25