Да можете да бирате дали порадо би шизеле пред кооперација со развеселени селани насликани од четката на Питер Бројгел постариот, или би сркале варено вино рассоблекувајќи се од жештини, како што го прават обожавателите на алкохолот кај Тицијан? Всушност, делата и не се толку различни, бидејќи (скоро) сите с(м)е исти по неколку пијачки.
Под „славни“ не секогаш се подразбираат богати и привилегирани семејства, иако тоа е еден од елементите коj на нивните членови им обезбедува поголема шанса за образование и негување на талентите. Но за да ги негуваш талентите треба и да ги имаш.
Вообичаено мислење е дека Олимпијади во средниот век едноставно немало. Но тоа не е сосема точно - меѓународни спортски натпревари сепак се одвивале, со трки со кочии и рицарски дуели.
Пред 31 година се случила најголемата кражба на уметнички дела, вредни тогашни 500 милиони долари. Нова документарна серија ги истражува можните теории, но раскажува и приказна за основачката на ограбениот музеј.
Да беше ова поштена држава, пари ќе намлатевме од рубриката „Богати и славни.“ Во Њујорк плаќаат за да се ловат возила кои непотребно работат во место. Стариов пријавил 120 случаи, добил 9.000 долари во кеш.
„Крилестата Ника Самотрачка“, мермерна скулптура на грчката божица, мириса како бел цвет од тубероза помешан со дрвенести тонови. „Разговор во паркот“ на Томас Гејнсборо има арома на тукушто процветани рози. A „Капачката“ на Жан-Огист-Доминик Енгр пак на ноти лаванда, портокалови цветови и масло од нероли.
На денешен ден пред дваесет години се одржа закопот на принцезата Дијана, чија смрт останува една од најкоментираните и најанализираните во историјата на славните личности. Од каде ваквата опсесија со прераното заминување на некој славен?
Она што ние го правиме со "Богати и славни", во Хонг Конг го носат накај CSI: со закана дека може да биде лоцирано кој фрлил некое ѓубре со што ризикува да стане заштитно лице на кампањата за почист град.
Затоа што ниту една промена нема да се случи додека не излезеш на улица, дечкиве веќе некое време се на терен и успешно резилат возачи по Москва заради најидиотски прекршоци. На пример, возење по пешачка патека.
Последното домашно видео на тема жена версус паркинг, ја потврди тезата дека Господ на жените им дал да живеат просечно 8 години подолго од мажите само за да им го компензира времето изгубено на паркирање. Да пробаме да помогнеме на темава:
Кога слушна дека книгата на Предин, за којашто има напишано предговор и која ја промовираше низ Хрватска, се преведува на македонски, и дека на неа случајно работи истата моја пријателка која компјутерски ја обработуваше и неговата збирка колумни кои пак ги преведов јас, Дежуловиќ изјави: „Космосот е чудо".
На 18. мај 1922 Вајолет и Сидни Шиф организирале вечера во хотелот Мажестик во Париз. Гости: Пикасо, Стравински, Џојс и Пруст. Звучи како нечиј хипстерски сон, но вистина е. Џојс се напил, па Пруст морал да го носи до дома со шофер.
Не сме сигурни колку се ефикасни нашите "богати и славни" пакетчиња бидејќи функционираат на база на претпоставен срам, а срамот е дефицитарна роба наоколу. Можеби казната за идиотите кои ни ги прават градовите грди треба да се испорача подиректно.
Си немал Букбокс работа, си собирал наслови од сајт, и си направил поетска турлитава. Некои комбинации ни имаат смисла - можеби навистина статииве испраќаат некаква сублиминална порака. Испратете ваша, да видиме каква приказна ви кажува нашиот сајт.