Прозорци за вас прекрасни вработени

До сега се знаеше дека обемните количини на дневна светлина се корисни за продуктивноста на работа, сега се знае дека недостатокот на светлина на работно место може да оглупавува.

Заклучокот е од експериментите што ги прават од Универзитетот Мичиген стеј (не на луѓе) и според нив минувањето премногу време во простории со придушено светло ја менува структурата на мозокот кај заморчињата. За експериментирањето се користени нилски тревни глувци, кои се споредливи со луѓето во смисла дека се будни во текот на денот а навечер спијат.

Во студијата се наведува дека изложувањето на глувците на слабо светло во период од 4 недели, го намалиле капацитетот на нивниот хипокампус (кој е одговорен за учење и памтење) за околу 30%.

Од друга страна глувците кои биле изложени на јасно светло, имале подобрување на своите резултати кај просторните задачи. Кога групата со слабо светло била преместена под силно светло, во рок од еден месец комплетно го надоместила загубениот ментален капацитет.

Истражувачите откриваат дека кога има слабо светло во мозокот има помалку од еден конкретен пептид кој ја одржува врската меѓу невроните во хипокампусот.

„Бидејќи се создаваат помалку врски, резултатот е намалени капацитети за учење и памтење кои се зависни од хипокампусот,“ објаснува професорот по психологија и ко-автор на студијата, Антонио Њунез.

8 февруари 2018 - 17:16