Марионка, личи на уморна

Иако капнати од работа, Јапонките не се откажуваат од бракот и идејата еден ден да најдат маж и да засноваат семејство. Проблемот е што капнати од работа, уморни се да го бараат.

Иако притисокот од општеството и медиумите за одржување на традиционалните вредности не попушта, 60% од сингл жените во Јапонија велат дека не се заинтересирани за романтични врски. Како главна причина за тоа го наведуваат уморот од работата, обврските и секојдневието.

За многумина од нив излегувањето за да се запознае некој потенцијален партнер е стресно доживување а една од четири признала и дека има задремено на првиот состанок. Тамошните жени сметаат дека таквите ритуали се преценети и најчесто се покажуваат како чисто губење време па наместо состанок со некој, главно непознат човек, преферираат да останат дома, во удопствата на модерните гаџети и огромниот број „љубовни апликации“ кои симулираат романтика и се елегантен сурогат за посакуваните чувства.

Па сепак, од брак и скрасување не се откажуваат па 80% од удавачите рекле дека веруваат оти тоа еден ден ќе им се случи.

Кај сингл мажите ситуацијата е сосема обратна: 60% рекле дека не се заинтересирани за брак а 80% би сакале да најдат девојка. Ним главен аргумент против бракот им се обврските кои тој ги носи и приходите кои ќе треба да ги делат. 

Во 80-тите години, кога во јапонското општество доминираше идејата дека „љубовта е најважна“ (принцип кој се нарекува renaishijyōshugi), околу 70 проценти од млади луѓе во 20-ти години на својот живот биле во некаква врска. Денес таквите се малцинство.

Заедницата која и онака има проблем со стареење на нацијата мозга за различни методи со кои би се регенерирала вербата во љубовта, од пократки работни денови за жените до привилегии за породилни отсуства. Но, додека не профункционира некој ефикасен модел, жените ќе седат дома по пижами и ќе бодат по тоа телефоните.   

 

3 декември 2017 - 18:57