Бајден до Трамп: Ако сум јас глуп, ај да правиме склекови (?)

Аспирантот за претседателската функција во САД, Џо Бајден порача дека ако Доналд Трамп реши да ја доведе во прашање неговата ментална состојба, тој ќе возврати со предизвикување на неговата физичка кондиција.

Во „Добро утро, Америка“ со Мика Бжежински, Џо Бајден рече дека ќе го предизвика Трамп на сцена во живо да прават склекови, за да се види кој колку е подготвен да се носи со предизвиците на функцијата.

Бајден рече дека нема да се спушта на нивото на Трамп но дека е подготвен на секакви, па и на ниски удари.

„Нема да влезам во калта за да се тепам со него бидејќи калта е единственото место на кое тој знае да се снаоѓа,“ порача демократскиот кандидат.

Трамп кој своите политички противници често ги нарекува со прекар кој тој им го измислил, Бајден го нарекува „Заспаниот Џо.“ Овој па порача дека за Трамп би можел да бира прекар од многу погодни термини но за почеток ќе го вика Кловнот. 

Американците имаат прекрасен избор пред себе.

17 јули 2019 - 08:40