1 година успешна и напорна работа му ја донесе на Парк хотел и спа наградата бренд лидер за 2017 година

Пред само една година, во септември 2016 беше отворен Парк Хотел и Спа, ултра модерен хотел со 5 звезди кој на своите гости нуди посебно и уникатно искуство за време на нивниот престој.

Сопствениците ја преставија својата визија за оваа инвестиција за време на церемонијата на отварањето за која тие веруваат дека ќе донесе нови стандарди во хотелскиот менаџмент и бизнисот во Македонија и на Балканот, како што и навистина се случи. Парк Хотел и Спа е овогодишен добитник на наградата Бренд Лидер на СЕЕТ (South East Europe Tourism) за 2017 година која се додели во Белград. Наградата се темели на сет критериуми како што се иновативност, висок степен на препознатливост, позиционирање и автентичност. Оваа награда се доделува веќе 13 години со цел афирмирање на компании и институции кои даваат свој придонес за подигнувањето на стандардите во регионот на Југо-Источна Европа, која за тимот на Парк Хотел и Спа претставува уште едно признание за годината што измина исполнета со напорна работа.

Недоамна назначениот генерален директор на Хотелот, Панајотис Колокатис, кој е експерт и консултант во областа на хотелскиот менаџмент и поранешен менаџер на најлуксузните хотели во регионот, со неговото искуство ќе биде дополнителен поттик за тимот да научи нови идеи за реализација на планираните активности, настани и за гостите кои планираат да го посетат Хотелот.

"Како и до сега, ќе продолжиме со имплементација на иновативни решенија и ќе нудиме услуги согласно светските стандарди, нови искуства и понуди во нашиот хотел. За време на роденденската недела, планираме организирање на помали настани и промоции за нашите клиенти, гости и нови посетители со цел да го искусат нашето познато гостопримство кое го нудиме" – потенцираше генералиниот директор Панајотис Колокатис.

Од 5-ти до 10-ти октомври ќе бидат организирани серија различни роденденски настани и понуди од Парк Хотел и Спа при што главниот настан ќе се орджи на 10-ти октомври.

За повеќе информации во врска со понудата и распоредот на настаните во Парк Хотел и Спа Ве молиме посетете не на http://parkhotel.mk/1-year-full-pleasure-park-hotel-spa-birthday-party/ .

(комерцијален текст)

6 октомври 2017 - 09:09