Offside

По Стефан Ристовски, од Динамо Загреб си замина и Аријан Адеми. Беа заедно на Максимир 5 сезони, а со македонската репрезентација играа на Европско. Имаа братска конекција. Рики емотивно, со избрани зборови му напиша долга порака на Инстаграм.

Рафиња тера мајтап со копачките на Левандовски

Голема врева се крена во Шпанија околу поништениот гол на Левандовски. Многумина сметаат дека главниот превид го направил ВАР системот кој ја препознал ногата на дефанзивецот на Реал Сосиедад, а не на Пољакот. Се појави и снимка од полувремето во кое Ханси Флик бара објаснување од судијата, кој му крева раменици. Рафиња пак прави смешки на Инстаграм.

Како изгледаат улиците на Шефилд кога има луто градско дерби?

Познато е како дербито на челикот или челично дерби со оглед на тоа што англискиот град Шефилд бил вековен центар на преработка на овој материјал. Шефилд Јунајтед и Шефилд Венздеј се лути ривали уште од 1893-та година. Досега одиграле повеќе од 130 официјални натпревари на стадионите „Брамал Лејн“ (Шефилд Јунајтед) и Хилзборо (Шефилд Венздеј).

Анхел мајсторе ти си далеку од пензија

Бенфика го совлада Порто со 4:1 во португалското дерби. Ди Марија постигна два гола, еден од пенал и е прогласен за играч на натпреварот. Аргентинскиот ас заигра во Премиер лига, Ла Лига, Лига 1 и Серија А и игра врвно и на 36 години откако направи кам бек во Бенфика. Мотивиран е и после 29 клупски трофеи, како и злато на ОИ, две титули во Копа Америка и светска титула во Катар.

Шоу на двајца стопери на Галатасарај, го кренаа цел стадион на нозе

Галатасарај продолжи да доминира во турската Суперлига откако синоќа со 3-2 го победи Самсунспор. Нови два гола даде Виктор Осимен, а еден Мичи Батчуаји. Во финишот на мечот свое шоу имаа и стоперите на Галатасарај Дејвисон Санчеѕ и Бардакчи. И двајцата пробаа со ножички да дадат спектакуларни голови.

Ноктот на Роберт

Реал Сосиедад ја совлада Барселона со 1:0 и им ја прекина прекрасната серија од седум победи во низа. Големи полемики предизвика 13-та минута од мечот кога му беше поништен гол на Левандовски. 

Нова врвна партија на Ненад Димитријевиќ за Милано

Најдобриот македонски кошаркар одново го водеше својот нов тим Олимпија Милано до нов триумф, овојпат во домашното првенство во Италија, 79-78 против Венеција Рејер. Димитријевиќ имаше 17 поени и дури 10 асистенции. Добра партија имаа уште и Зак Ледеј со 16 оени и по пет скока и асистенции и Леандро Болмбаро со дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 асистенции.

Интересна сцена од мечот Сосиедад - Барселона со опкружена гостинска навивачка

Баскија уште еднаш се покажа како тврд орев за Реал Мадрид и Барселона. Овојпат Каталонците кои играат неверојатна форма каква што немале во 125 години од основањето, изгубија 1-0 од Реал Сосиедад. На фамозната „Ла Ромаледа“ во Сосиедад илјадници навивачи го бодреа тимот а некои гостински мораа да истрпат пораз.

Денвер го доби Далас со кош на 6 секунди до крај, Јокиќ згази со историски трипл дабл

Балканското дерби на големите НБА ѕвезди Јокиќ и Дончиќ, го доби Србинот кој стигна до нов четврти трипл дабл по ред, невиден до сега во НБА лигата.

Чалханоглу мајсторе, топ да не имаш во ногата?

Интер и Наполи водат битка за врвот во 12. коло од Серија А. На полувреме е 1:1. Наполитанците поведоа преку Мектоминеј, израмни Хакан Чалханоглу кој испука проектил и ја крена на нозе Меаца.

Бледо издание и пораз на Македонија во Вилнус

Македонската ракометна репрезентација го запиша првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година, откако на гостувањето во Литванија беше поразена со 29:27.

Спектакуларен гол на Mусиала вреден победа за Баерн

Фудбалерите на Баерн Минхен остануваат лидери во 10. коло од Бундеслигата со +5 пред Лајпциг. Гостувањето против Сент Паули го решија со еден, ама вреден погодок, а тоа е ремек делото на Џамал Мусиала.

Македонска ракометна бламажа со намерни автоголови

Ракометарките на Скопје и Гевгелија одиграа натпревар во Купот на Македонија, кој подобро ќе беше да не го одиграат. На 4-5 минути до крај двете екипи почнале да си даваат автоголови за да не победат. Претпоставките се дека целта им било како следен противниќ да го избегнат Ѓорче. Последниот автогол на средбата си го постигна екипата на Скопје за пораз од 16:17. Каква срамна лакрдија.

Делии Радовиш се изнервираа за знамето

Натпреварот меѓу Црвена Ѕвезда и Барселона во ЛШ донесе до толку голема еуфорија меѓу македонските навивачи на белградскиот тим, што го засени и ракометот во средата на кој Македонија победи. Радовишани со остра реакција до порталите.

Интересна компарација меѓу Меси и Јамал на 17 години

Споредбата покажува дека Јамал е две сезони во предност и веќе има 83 настапи, 16 гола, 26 асистенции и 2 трофеи, што е реткост. Тоа е затоа што дебитираше на 15 години, а Меси на 17. Но во студиото на СиБиСи не сакаат никого да споредуваат со најдобриот.

Неарен кош на Баерн ја крена салата во Минхен на нозе

Баерн Минхен го победи литвански Жалгирис 77:74 и со 6 победи (5 по ред во серија) се искачи на високото второ место на табелата. Баварците имаат учинок 6:2, подвиг каков што одамна немале во европската кошарка. Карсен Едвардс беше најефикасен со 24 поени и по 5 скока и асистенции. Во еден момент од последниот период кога се кршеше резултатот Карсен погоди тројка од своја половина и ја полуде салата во Минхен.

Црногорска измама под кошот на Чикаго Булс

Чикаго Булс го загуби дома дуелот против Минесота Тимбервулвс (119:135). Никола Вучевиќ одигра одличен натпревар со 25 поени и му продаде балканска финта на Руди Гобер.

Сите поени на Ненад Димитријевиќ против Реал Мадрид

Пред повеќе од 15.000 гледачи во миланската арена „Унипол Форум“, Милано синоќа го совлада Реал Мадрид во Евролига. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одлична вечер со дури 22 поени и беше убедливо најефикасен играч од двата тима на мечот.

Педро не старее, го фрли Олимпико во делириум со гол во 92-ра

Ако некој се прашува каде е и што прави легендарниот Педро, кој беше дел од златните денови на Барселона и Шпанија, ќе го најде во Рим, каде дроби на 37 години и ги забавува навивачите.

Израел пратил 2 спасувачки авиони во Амстердам поради напад на нивни навивачи

Израелските клубови веќе извесно време своите домашни натпревари од еврокупови ги играат во други држави поради конфликтот со Палестина. Во четвртокот се погоди Макаби Тел Авив да му гостува на Ајакс во Амстердам. Таму допатувале неколку стотици навивачи на израелскиот тим кој не биле пречекани добро од локалните муслимани.

Најлошото изведување од центар го има Мидтјиланд

Данскиот клуб на полувреме губеше 1:0 на гостувањето против Стеауа Букурешт во ЛЕ. Тргнаа од центар во второ и за 8 секунди примија уште еден гол за конечни 2:0 за Романците.

Навивачите на Ѕвезда згрмија во чест на тенискиот херој

Новак Ѓоковиќ се појави за прв пат сезонава да ја бодри во живо Црвена Ѕвезда во Евролигата. Цела сала го скандираше неговото име, а црвено белите ја прекинаа серијата од четири порази и ја совладаа Алба со 92:71.

Нено Димитријевиќ блесна и го растури Реал Мадрид

Олимпија Милано игра слаба сезона во Евролига и домашното првенство, но синоќа се крена и го совлада европскиот шампион Реал Мадрид во Евролига. Во култната сала „Форум“ во Милано убедливо најефикасен беше македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ кој постигна 22 поени и имаше по еден скок и асистенција.

Австралијката што се „прослави“ со брејк-денс на Олимписки Игри заврши „кариера“

Триесет и седум годишната Рејчел Ган, Австралијка која минатово лето на Игрите 2024 во Париз се посрамоти и себе и цела своја земја после кабастиот и грозен брејк-денс кој го имаше на турнирот кој за првпат се играше на едни Олимписки Игри, решила веќе да не се натпреварува. Таа стана позната на социјалните медиуми.

Сакате да му вртиме на Грилиш со видео повик?

Астон Вила го прекина перфектниот старт во ЛШ со глупав пенал, но навивачите не седнаа да плачат после натпреварот. Продолжија на пиво и му се јавија на Џек Грилиш од паб, кој инаку 10 години го носеше дресот на Вила. Им крена.