Поради своевиден бојкот кон управата на клубот Кристијано Роналдо не настапи на два натпревари по ред, но сега заигра пак и му донесе победа на Ал Наср на гостувањето кај Ал Фатех со 0-2. Португалецот стрелаше прецизно во 18' минута, го славеше голот со познатото „сиииииууууу“ но во еден момент падна на тревникот па се насмеа сам на себе.
Ова беше седма победа по ред на Ал Наср во садуијската Про Лига а 962 гол во кариерата на Кристијано Роналдо и прв откако наполни 41 година. Ова е 18-ти погодок на Португалецот сезонава.