Интер со гол во 90' минута го победи Јувентус во дербито на Италија

Интер го совлада Јувентус 3:2 на својот „Џузепе Меаца“ во 25. коло од Серија А со погодокот на Полјакот Пјотр Зелински во 90' минута.

Андреа Камбијасо си даде автогол во 17' минута и Интер така поведе. Набрзо Јувентус на радост на своите тифози израмни во 26' минута.

Првиот дел го одбележи и црвениот картон на Пјер Калулу кој доби два брзи жолти картони 32' и 42' минута и го остави својот тим на цедило. Од италијанската судиска комисија, арбитарот Роки изјави дека била направена очигледна судиска грешка од судијата Ле Пена кој не видел глума од играч на Интер.

Домаќините пак го вратија водството преку своето дете, високиот шпиц Пио Еспозито, но Јувентус не се предаде и израмни преку капитенот Локатели во 83' минута. Во самиот финиш имаше голема драма, Интер тргна на се или ништо, и двете екипи имаа шанси. Голманот на Јувентус прво спаси чист гол по обидот на Бисек во 89' минута, но во 90' минута беше немоќен по одличниот шут на Зјелински од 18 метри.

Победа на Интер 3-2:

Интересно после април 2024-та и дури 11 натпревари само во Серија против трите најголеми ривали Јувентус, Милан и Наполи, Интер конечно победи некое дерби.

Интер сега после овој триумф над Јувентус од 3:2 има 8 бода повеќе од Милан но и натпревар повеќе.

15 февруари 2026 - 11:33