Јунак на денот: 19-годишниот Никола Топиќ победи тешка болест и заигра во НБА

Шампионот Оклахома Сити Тандер има 42 победи и 14 порази и е убедливо најдобра екипа во НБА лигата во основниот дел пред доигрувањето за титула. Синоќа изгубија 110-93 од Милвоки Бакс без својот лидер Шеј Гилџес-Александер, а целиот меч помина во знак на младиот Србин Никола Топиќ кој пред само неколку недели победи тешко заболување на тестиси а синоќа дебитираше за првакот.

Никола Топиќ е роден на 10-ти август 2005-та година во Нови Сад. Тој своите први кошаркарски чекори ги направил во Црвена Звезда која го позајмувала во други клубови.

Дебитираше за Црвена Звезда во март 2022-ра година на само 16 години на дуел против словенечка Крка во АБА лигата. Постигна 4 поени и подели 5 асистенции за 16 минути на теренот.

На 16 години, седум мееци и 18 дена стана најмладиот дебитант во клупската историја на Црвена звезда кој постигнал поени во АБА лигата. Набрзо заигра и во силната Евролига на 16 години и 253 дена и стана еден од најмладите во оваа конкуренција.

Но на 4-ти јануари 2024-та година доживеа тешка повреда на предните лигаменти и опоравувањето му траеше како што е случај со ваков тип на повреди подолго време.

На 26-ти јуни 2024-та година Никола Топиќ беше избран како 12-ти пик на драфтот од Оклахома Сити Тандер. Потпиша и договор со екипата која таа сезона стана НБА шампион на убедлив начин иако Србинот не одигра ниту еден натпревар но како дел од составот доби шампионски медал.

Нов голем удар за младиот Топиќ беше страшната вест од 6-ти октомври 2025-та кога беше објавено дека боледува од тешко заболување на тестистите. Тогаш генералниот директор на Оклахома Сити Тандер Сем Прести изјави дека Никола ќе мине низ тераписки процес во Андерсон центарот за лекување на пациенти заболени од канцер.

После неколку недели тој се појави на тренинг со опадната коса. На 9-ти февруари 2026-та младиот Новосаѓанец дебитираше во Развојната НБА Џ-лига за тимот на Оклахома Сити Блу која е филијала на шампионот.

Веќе на 12-ти февруари, синоќа дебитираше за Оклахома Сити Тандер пред полни трибини и доби овации. За 12 минути на паркетот одличниот плејмејкер постигна 2 поени а имаше и по 1 скок и асистенција.

На крајот Милвоки Бакс славеше иако играа без нивниот најдобар играч Јанис Адетокумбо. Најефикасни кај гостите беа Дијенг со 19 поени, Грин додаде 17 , Портис 15 поени, Кузма 14 а по 12 постигнаа Портер и Томас. Кај Оклахома први стрелци беа Џо со 17 поени, Чет Холгрем имаше 16 поени со 13 скока а Мекејн 13 поени.

13 февруари 2026 - 12:39