Спалети и управата на Јувентус го нападнале судијата

Нема дуел меѓу големите ривали Интер и Јувентус кој минал без скандали, инциденти, проблеми. Така беше и синоќа во 25. коло од италијанската Серија А кога Интер победи 3:2 со гол во 90' минута. Претходно Јувентус играше долго време со играч помалку поради црвениот картон на Калулу. Многу страни кажаа дека судијата Ла Пена направил груба грешка кога наседнал на глумата на Бастони.

Epa Images
Epa Images
Photo: EPA Images

Судијата Ла Пена беше на само два чекори од ситуацијата во која Бастони одглуми за втор жолт картон и црвен на Калулу. Поради тоа ќе оди на „ладење“ најмалку еден месец колку што нема да суди во Серија А.

После натпреварот тренерот на Јувентус Лучано Спалети, спортскиот директор Комоли и Џорџо Кјелини го нападнале Ла Пена:

 

15 февруари 2026 - 12:52