Ако е ова забивање за Ол-Стар, што ли беа оние на времето?

Ол-Стар викендот дефинитивно губи многу на гледаност, а одамна и на квалитет. Ако некогаш куцаа страшни ѕверки како Џордан, Џулиус Ирвинг, Коби Брајант, Винс Картер, Доминик Вилкинс, Блејк Грифин и други, сега забиваат анонимни кошаркари кои не покажуваат ништо вредно да се спомне.

Резервниот центар на ЛА Лејкерс, Џексон Хајс заврши трет на турнирот за забивања на Ол-Стар. Во првата рунда доби 44,6 поени, во втората 47,2 поени.

Еднаш заби најобично со една рака како што се забива во секое кошаркарско маало. Ништо спектакуларно.

Кешад Џонсон победи на Ол-Стар викендот во забивања, Лилард во тројки

15 февруари 2026 - 14:17