Кешад Џонсон победи на Ол-Стар викендот во забивања, Лилард во тројки

Дваесет и пет годишниот кошаркар на Мајами Хит Кешад Џонсон го освои признанието за најдобри забивања на НБА Ол-Стар викендот, а второто место му припадна на Картер Брајант кој исто имаше фантастични забивања.

Кешад Џонсон стигна до титулата најдобар со вкупна оцена 97,4. 

Интересно како ретко кога на турнирот во забивања немаше ниту една НБА ѕвезда а најпознато име беше резервниот центар на ЛА Лејкерс Џексон Хејс кој не победи.

Во финалето Кешад Џонсон го доби Картер Брајант од Сан Антонио кој во втората рунда доби максимална оценка 50 но во финалето не успеа да ја изведе замислата па едноставно заби.

ЛИЛАРД ПОВРЕДЕН ПОБЕДИ ВО ШУТИРАЊЕ ТРОЈКИ

Неверојатниот ветеран Дамијан Лилард го освои турнирот во шутирање тројки на Ол-Стар викендот со 29 поени. Лилард по трет пат победува на овој турнир со што го израмни досегашниот рекорд.

Интересно Лилард сезонава ниту еднаш не заигра во НБА поради повреда, но на настапот во шутирање тројки имаше експлозивен и динамичен ритам па зад себе остави страшни тројкаши како Девин Букер и рукито Кон Нупел.

Лилард сè уште се опоравува од тешката повреда на Ахиловата тетива која што ја доживеа лани.

Лидерот на Феникс Санс Букер стигна до 27 поени и беше близу Лилард но не успеа да го надмине а кошаркарот на Шарлот Хорнетс Нупел го заврши финалето со 17 поени.

Неколку силни имиња останаа надвор од финалето што само по себе потврдува колку силен беше турнирот во тројки сезонава.

После триумфот Дамијан Лилард им се заблагодари на луѓето од НБА лигата што му дозволиле да учествува на турнирот во шутирање тројки.

35-годишниот НБА ветеран победуваше и на турнирот и во 2023 и во 2024 и влезе на вечната табела на оние кои најмногу го освојувале ова признание со Лери Бирд и Крејг Хоџис.

Бекот е член на Портланд каде дојде од Милвоки Бакс и голема е веројатноста да остане во Трејлблејзерс до крајот на кариерата. Тој веќе 13 години е во НБА лигата и со просек од 25,1 поен, 4,3 скока и 6,7 асистенции е еден од најдобрите стрелци во неговата генерација.

15 февруари 2026 - 09:49