Невидена бизарност во Холандија. Навивачите со синџири го заклучија стадионот и го спречија сопствениот тим да замине на гостување. Вакво нешто не сме виделе до сега во ниту еден спорт.
Има многу вистина во она ништо не е невозможно. За оваа крилатица и тоа како може да раскажат двајца млади другари од Англија кои во краток временски период стигнале до врвот.
Давид Вујаниќ го има рецептот. Од прва е тешко, како и сè друго. Од втора исто клај-клај, ама возот кога ќе тргне веќе е тргнат. Давид Вујаниќ е познат навивач на Ливерпул, роден во Книн, а преселен во Лондон каде денес живее. Брановите ги проба на полуфиналето на Светското клупско натпреварување меѓу Ливерпул и Монтереј (2:1).
Одиш на Светско клупско првенство и тоа на финале од Бразил до Катар за да го гледаш твојот Фламенго против Ливерпул. Го носиш и син ти на аеродром и моментот пред да се поздравите го снимаш. Вадиш авионска карта, ама и за двајцата. Малиот уште не конта.
Во дербито на вечерта, Хјустон го доби ЛА Клиперс со 122-117, а во еден момент луѓето од Стејплс центар мораа да мерат дали обрачот е извиткан од забивања, зошто Расел Вестбрук се пожали дека е нерамен.
Содржината на приказната која доаѓа од словенечкиот фудбал не треба да е спорна, љубов е љубов нели, на Берлускони на пример зет му беше Пато. Туку спорното е што некој ја измислил во Нигерија за нивни човек кој игра во Словенија.
Зе Луис, напаѓачот на Порто сакаше да фати ултра атрактивни ножички и да даде еврогол, ама на пат му се најде Нене од Санта Клара против која играа во Купот на Португалија и победија 1:0. Нене го извадија од игра и веднаш бил префрлен во болница на компјутерска томографија на главата.
Во трка по тираж, англискиот жолт печат непрекинато пишуваше за некаков си конфилкт меѓу Мо Салах и Садио Мане, творците на најмоќниот Ливерпул во историјата. Некои египетски навивачи кои се дојдени на Светското клупско првенство во Катар, го прашаа Сенегалецот дали стварно има проблем со Мохамед?
Французинот потпиша за Јуве на 1 јули годинава, па по шест месеци престој во Италија Буфон седна да го испраша барем за основи работи од типот дали знае што значи „Fino alla fine“. Ама професорот мислеше така ќе помине, па мораше и тој да одговара за Франција.
Ветеранот и поранешен англиски репрезентативец, левиот бек Лејтон Бејнс со еврогол му донесе продолженија на Евертон во Купот против Лестер (на крај конечни 2:4). Веројатно Карло ќе го мрдне малку од клупата за резерви.
Секој што прати и чита повеќе фудбал, треба, а веројатно знае дека за да стане Кристијано Роналдо тоа што е денес се убил од работа, што подразбира тренинг, тренинг и само тренинг, секогаш повеќе од другите.
Секогаш е убаво кога ќе излезе по некое видео од зад сцената, како што е ова со Јуве. Во интерес на времето, приајтелскиот дух, па и парите за бербер, човекот задолжен за опрема се реши да се шиша, односно бричи кај Бонучи.
Човекот кој направи милиони со договарање боксерски дуели и кој во болничка постела му донел 50 адвокати на Мухамед Али да потпише дека се откажува од барањето за оштета од 1,1 милион долари.
Она што не ни е јасно во видеово од аргентинскиот фудбал е зошто малоумников се решил воопшто да игра фудбал, кога можел да одбере некој спорт со кршење нозе, ако постои такво нешто воопшто.
Со оглед на тоа што немаше никакви активности, македонската фудбалска репрезентација останува на истата позиција како на претходното рангирање на ФИФА.
Сигурно приметивте дека почетокот на вториот дел од мечот Барселона - Реал Мадрид се одложи на кратко. Во кадарот од преносот не дадоа како стјуардите ги собираа топките кои летаа на терен од трибините во знак на протест.
Во првите 20-ина минути од Ел Класико Реал Мадрид изведе неколку корнери по ред благодарение на викторијата пред голот на Барселона. При еден корнер Иван Ракитиќ го влечеше за дрес Рафаел Варан и го спречи во намерата да стигне до топката. Судијата не повика ВАР ниту гледаше снимка.
Полуфиналето на клупско СП не беше баш најлесно по Ливерпул, зошто резултатот до самиот финиш беше 1:1. Алисон одбрани 7 чисти удари и беше прогласен за најдобар играч а во 91’ минута Фирмино го однесе Ливерпул во финале.
Жоао Кансело изгледа е скаран со фер плејот. Погледне го ова бесрамно однесување синоќа во Лига купот против Оксфорд. Прво почнува да се закача, а потоа глуми жртва без никој да го пипне.
Фудбалерите на Јувентус со 1:2 ја победија Сампдорија на „Мараси“ во Џенова. Вториот гол за Јуве дојде по спектакуларниот скок на Кристијано Роналдо кој медиумите пресметаа дека се одразил цели 71 сантиметри од земја и ја заковал топката во мрежа од висина на 2.52 метри што е надчовечки.