Offside

Тешка тема е ова на толку голмански легенди кои произлегоа во фудбалот, но за Џиџи нема дилеми околу првите три места.

Ама јас само сакав да ја расчистам

Младински натпревар во Малезија на кој дечково толку јако ја дувна, што топката едно време ја снема од кадар. Погодете каде ќе заврши.

Сега и ова ли не е пенал?

11-то коло, трет судиски поклон за италијанскиот шампион за кој сигурно некој повторно ќе пише дека вечна болка ни бил, а ние само објавуваме нешто што не може да се сокрие. Апла е дечки, дај барем сега признаете.

Како босански тренер задржува време во 90-та минута

Сутјеска води 1:0 против Леотар. До крај има уште неколку минути од судиско продолежение. Лигата е трета по ред во БиХ, а тренерот е тешка дилајла.

Абе каков Конте, оди фудбал да гледаш

Го имаме победникот на денот. Краљот кој не изнасмеа за сите пари. Плус добар прогнозер е.

Нема друг фудбалер на планетава што вака се напил пиво додека слави гол

Го фати како бејзбол топче, го дрмна на екс и им го врати назад. Што ти е култура, прецизност, ама и жед.

Реакцијата на Колчестер кога дознаа дека ќе играат со Манчестер

Англиските фудбалски купови се можеби најсимпатични натпреварувања, затоа што таму секоја година некој анонимен нисколигаш знае да надене некој од фаворитите и да го посрамоти. Синоќа за време на ждрепката за 1/4 финале од Лига Купот на Колчестер му се падна Манчестер Јунајтед.

Јувентините извадија нови моменти од спорните ситуации

Некогаш не помагаат ни 19 камери, ни ВАР, ни четворица судии, ни делегат. Секој тера на своја воденица. После бурните реакции од Неапол за недосудениот пенал врз Љоренте на мечот со Аталанта при резултат 2:2, а досудениот за Роналдо во 90-та минута при резултат 1-1, сега се огласија од Торино.

Ја укочи во место со роналдињовка

Адриана Диаз од Пoрторико на Бразилкава и направи потег за кој стварно немаме друго што да додадеме, освен да го повториме насловот.

Кака до Кафу, овој до Ривалдо, асистенција до Роналдињо и гол

Не е ова ретро видео од култниот Бразил, туку тазе акција од нив на пријателски натпревар против Израел. 28.000 луѓе ги гледаа ветераните на овие две селекции, а ние со ќеиф издвојуваме нешто од нив, кое и да не е атрактивно мора да се види поради тежината на нивните имиња.

Колку смешно се презива, толку убав гол даде од 60 метри

Второлигашот Лозана го декласираше прволигашот Ксамакс со 6:0 во швајцарскиот Куп. Еден од головите, четвртиот за домашниот тим во првото полувреме го даде Хрватот Стјепан Кукурузовиќ. И тоа не обичен гол, туку голчиште од 60 метри.

Сам си асистираше со сомбреро

Херард Морено, центарфорот на Виљареал го постигна својот 8-ми сезонски гол, на гостувањето кај Еибар кога во 88’ минута израмни на 1:1.

Со труба, орце и тапани против Ноќ на вештерките

Неколку дена пред почетокот на 6. коло, раководството на кошаркарската Евролига донесе одлука сите натпревари да почнат во знакот на Халоувин - играчите да излезат со маски на терен, а домаќинот да организира пригодна програма. Ама во Србија наидоа на голем отпор.

Сајтот на Барса во 98-ма бил ко Нинтендо

Добро сега сè во свое време, ама па стварно е циркуз кога ќе начека човек едно вакво ретро издание. Овде не забележуваме ни фотогалерија, а не па некое видео, што е нормално за тогашните услови и капацитети.

Најјакиот навивачки швенг ни доаѓа од Полска

Третолигашот Widzew Łódź (веројатно Видзев Лодз на нашки) синоќа во Купот на Полска ја пречека Легија од Варшава. Се држеа на 2:2 до 84-та и потоа загубија, а она што сакаме да ви го покажеме е нивната неверојатна навивачка армија. Какво е ова видео луѓе? Каква е оваа поддршка после пораз?

Одамна некој вака не врзал 2 бунари во НБА

Милвоки Бакс изгуби 116-105 од Бостон Селтикс и после 4 кола има учинок 2-2. Најкорисниот играч во НБА за минатата сезона, Гркот со нигериско потекло Јанис Адетокумпо постигна 22 поени, имаше 14 скока и 5 асистенции ама сè му пропадна во вода кога се избламира од линијата за слободни фрлања.

Кој европски, кога тие ниту за македонски клуб не се сметаат

По 156 пат дербито Вардар - Шкендија во Тетово завршува со нецивилизарано однесување на домашните навивачи кои ги каменуваат гостите како да се наоѓаат во камено време. Плус им служат и како “одличен“ пример на децата што собираат топки, па сега и тие учат од нив.

Со еден гол да влезеш во историја на американскиот хокеј

Андреј Свечников има 19 години и игра за Каролина Хурикејнс. Во ситуација кога Овечкин брка историја за најдобар стрелец во историјата на НХЛ, младиот Свечников на мечот против Калгари (2:1) постигна лакрос-гол, погодок од зад голот, нешто што се видело на Светски првенства во хокеј но не и во НХЛ.

Туку го видовте ли украинскиот Ачерби?

Дека на дерби нема правила доказ е и мечот од украинскиот Куп меѓу Динамо Киев и Шахтар. Гостите од Доњецк беа големи фаворити (коефицентот за победа на Динамо беше над 4.00), ама на крај се радуваа домаќините со 2:1 и пласман во следната рунда. Првиот гол што го даде стоперот и капитен Сергеј Сидорчук конкурира за гол на есенската полусезона во Европа.

Чекај, како тоа мислиш 35.000 души на гостување во Берлин

Навивачите на Динамо Дрезден направија вистинско шоу на мечот од германскиот Покал (Куп) против Херта на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, каде дојдоа во бројка од преку 30.000 души, што е незапаметено.

Каде има овде прекршок врз Роналдо и колку е релевантен ВАР?

Една сезона не може да помине во италијанско без контроверзи кои обично се случуваат во шеснаесетник. Во оваа спортска среда на удар се средбите Јуве – Џенова и Наполи – Аталанта или поточно оние кои неколку години по ред се јадат за врвот. Де Лаурентис распали по Рицоли, кој е главен на судиска.

На меч во НБА паднаа 317 поени, дали е тоа нормално?

Хјустон Рокетс го совлада Вашингтон Визардс со 159-158. Џејмс Харден постигна лудачки 59 поени. Расел Вестбрук 17 поени, 10 скока и 12 асистенции. Бредли Бил даде 46 поени за Визардс. Натпреварот немаше ниту едно продолжение што само по себе е неверојатно затоа што се случувало волку поени да не паднат ниту на Ол-Стар меч каде не постои одбрана.

Тепачка во НБА на Филаделфија - Минесота

Жоел Ембид и Карл-Ентони Таунс, едниот од Севентисиксерс, другиот од Тимбервулфс, се фатија во третата четвртина, ама среќа сограчите и официјалните лица брзо ги разделија. Долги години се препукуваат во изјави на голема дистанца, а сега малку фалеше да се збоксаат на паркетот. Судијата нормално ги исклучи и двајцата од игра.

Голот на Џенова кој нема да го сконтате од прва

21 годишниот напаѓач на Џенова, Кристијан Којаме синоќа на Јуве му го даде најчудниот, најсмешниот, па и најнесфатливиот гол што сме го виделе во последно време. Среќа ја има вистинската камера со помош на која уствари ќе сфатите што успеа да изведе фудбалеров од Брегот на Слоновата Коска.