Милан го совлада Удинезе 3:2 со гол дури во 93-та минута, но додека сите го слават стрелецот Анте Ребиќ кој го постигна првиот и третиот гол, не смее да се заборави што сè направи Донарума на овој натпревар.
Гостите на полувреме има водство од 0:1 на грешка токму на Донарума, а во првите 10 минути од втор дел успеаа да создадат дури четири чисти шанси за гол. Дека се 100% ќе се уверите сами бидејќи на некој му текнало да ги стокми во едно видео.
Сите се тешки за бранење, особено третата, но скроз се извади за киксот во 6-та минута кога Удинезе поведе.
Откако Ибра слета во Милано и го облече дресот со број 21, Милан нема пораз. Ремизираше со Сампдорија, па ги победи Каљари и Удинезе, а во меѓувреме го совлада СПАЛ во Купот за пласман во четвртфинале. Последниот пораз им е онаа петарда од Аталанта на 22 декември.
Овие 7 бода ги вратија малку во живот, бидејќи сега не се 12-ти, туку 8-ми. Ист број на бодови со нив има 7-мо пласираната Парма, а на само 2 бода се до 6-то пласираниот Каљари. Следното коло играат со Бреша на гости.
Инаку од поразот со Удинезе во првиот дел од сезоната Пиоли 8 пати ги сменил стартните 11, а на последните два меча против Каљари и Удинезе играше во напад со Ибра и Леао. 18 години се разлика во години.
Џокерот Ребиќ влезе од клупа, Пјонтек и Сусо не ни влегоа, а во таборот на Удинезе Несторовски доби шанса во 78-ма минута.