Невидена бизарност во Холандија. Навивачите со синџири го заклучија стадионот и го спречија сопствениот тим да замине на гостување. Вакво нешто не сме виделе до сега во ниту еден спорт.
На Џенова сезонава и оди тапа џонс, а да го немаа нашиот махер за фудбал бетер ќе беше работата. Со оглед на тоа како игра на 36 години во Серија А, некако не е за пензионирање на лето.
Колку само млади деца излегуваат и импресионираат со начинот на кој ги решаваат мечевите. Душан Влаховиќ од Фиорентина го запознавте ли? Погледне со каква кифла ги попари Наполитанците. Гатузо пак го држеше Елмас на клупа.
Само Балканец може да приреди ваква драма. Имаа -5 во прво, -3 на пауза, повторно -5 во втор дел и на крај сепак успеаа да и направат целосен пресврт на една Германија и да се пласираат во полуфинале. Последниот напад за победа на Хрватите го реши екс Вардарцот Игор Карачиќ за конечни 25:24 кој го заврши мечот како прв стрелец со 7 гола.
Иако италијанската тренерска струка важи за една од најдобрите на светот, сепак проблемот со не знаење странски јазици кој стручњаците од оваа земја го имаат, знае да биде доста сложен.
Кола за нејзе, кола за сопругот, кола за синот кој студира во Италија, три пати годишно на одмор на скапи места и не само тоа. На слава имала келнери, а на матурска кај синот пеела Северина. Ова тешко некако од плата а?
Претседателот на шпанскиот третолигаш Унионистас, Мигел Анхел Сандовал во петокот напладне на состанок со градското собрание во Саламанка решил да го пречека Реал Мадрид во шпанскиот Копа дел Реј на своето стадионче „Лас Пистас“ кое собира 4.000 гледачи. А пазете ова, на само 50 метри до нивниот стадион се наоѓа еден поголем (17.000 капацитет) на попознатиот клуб Саламанка кој има играно и во Примера.
Поранешниот плејмејкер на Сакраменто ни е некако асоцијација за “лажни очи“. Во фудбалот тој епитет треба да му следува на Роналдињо. Но во такво издание го гледаме и чичко ви Роберт кој одлично го изведе ова, а претходно и атрактивно ја прими.
Денвер Нагетс со 134-131 го победи Голден Стејт а српскиот репрезентативец постигна 23 поени со 12 скока и 8 асистенции. Просто неверојатно е какви шутеви вади и баскетот влегува низ обрач.
Да бидеме искрени, сме гледале машки деца на оваа возраст што прават чуда со топката, имаат вроден талент и милина е да ги гледаш. Ама девојче со ваква дарба за фудбал стварно не паметиме дека сме виделе.
Италијанците веќе почнаа да го нарекувааат „вечен“, што е нормално бидејќи од 2001-ва е таму, па дури доби и прашање да не планира до 52 да игра како Миура. 2020-та е година во која има две јасни цели како за крај на една кариера за почит. Ама голема почит.
Приказната за Дејан Станковиќ дека им дал гратис карти на свои сограѓани “ги испровоцира“ нашите читатели па ни пишаа дека и наши фудбалери правеле вакви убави гестови. Еден ни сподели сличен, па и подобар пример со Несторовски. Браво за потегот.
Јасно е како ден дека фудбалот веќе подолго време е суров бизнис, ама ретко кога главната фудбалска унија си дозволува очигледен и намерен привид, со цел поголема популарност и атрактивност.
И покрај тоа што играчите и малубројните навивачи на шпанскиот нисколигаш Унионистас полудеа од среќа кога на ждрепката слушнаа дека ќе го пречекаат Реал во Купот на Кралот, сега може да има измени.
Како ретко кога во изминатите 15-ина години, македонските ракометари нè оставија без подолго уживање во нивните настапи. Испаднаа рано, ги елиминираа, а нам ни остана да се сеќаваме само на голот на Лазаров против Украина.
Прво дечково е фудбалер, се вика Томи Томпсон и игра во МЛС за Сан Хозе. Второ во сала не е сам, туку со Харлем Глоубтротерс. Ќе претпоставиме дека му одржале неколку часови.
Често родителите се решаваат да ги крстат своите деца во чест на некои нивни идоли, миленици или херои. Во 2000-те години во Франција имаше голем бран на деца кои го добија името Зинедин, по јунакот кој на Французите им донесе многу радости.
Сè уште е некако горчливо чувството од нашата нетипично куса и неуспешна авантура на едно Европско. Е вакви вкрстувања фалеа како ова на Германците кои синоќа ја совладаа Белорусија и демонстрираа моќна акција во која создадоа играч повеќе. Маестрално одиграно. Со мозок.
Тоа што е пензиониран фудбалер не значи дека е заборавен, туку напротив оставил белег и бил дел од златните денови на клубот кој нема логика да не го цени. Тука веројатно се работи плус и за авторитет.
Во шпанската Сегунда Б, Сан Фернандо со 1-3 го победи Рекреативо на гости. Уште не почнат мечот, после една тики-така подобра и од онаа на Пеп Гвариола, Франсис Ферон го отвори резултатот.
Малку не потсети на оној на Роналдињо против Англија на СП 2002, ама не се баш исти. Дечково апла се гледа дека само ја нафрла и потоа не само коментаторот, туку и самиот се збуни што го даде. Инаку ова чудно ефе се случи во Англија.
Некои од скорешните играчи на овој клуб познат меѓу кладилничарите, велат дека вака претседателот на клубот сака да привлече повеќе спонзори и партнери со кои ќе ја популаризира Лорка. Интересна идеја, навивачите штиклираат, бираат тим и формација.
На 22 февруари во Гранд Гарден Арената во Лас Вегас ќе боксуваат Деонтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, едни од најдобрите боксери на денешницата во тешка категорија. Овој вториов има многу зезнати припреми.