Нашиот капитен импресионира и е привлечен за новинарската фела и покрај тоа што е пред крај. Целите за оваа година, последна во кариерата му сè целосно јасни, разбирливи, па и очекувани. Весникот Ил Секоло го стави на насловна и го претстави како “спасител“ и “вечен“.
Македонецот на 36 години е секогаш клучен играч. Џенова – Дежа ву Пандев. Секоја година истиот филм. Горан тргнува од позадина, наоѓа простор и станува спасител. Се надеваме дека финалето ќе биде исто. Сакаме и треба да се спасиме. На 36 години вечниот Горан сонува уште. Има две цели за 2020: Џенова да остане во Серија А и Македонија да оди на Европско. После многу магии последниот гол на Мараси беше поразличен.
Пандев освои сè. Каде ја наоѓа оваа желба да се бори и да воодушевува?
„Дечки ова да не е шега? Играм во Џенова, најстариот клуб во Италија каде има топол амбиент. Не е возможно да не се даде сè. Играв во големи клубови, но луѓето на Ферарис ти даваат дополнителна брзина. Опстанокот мора да го донесеме дома“.
Рековте: Сакам да ја завршам кариерата во Џенова и со Европско на лето.
„Со Македонија на 26 март имаме плејоф против Косово. Тоа е животен натпревар. Но сега размислувам на Џенова, бидејќи играме секоја недела. Имам малку гнев, грдо ќе биде да се заврши така, но не сакам ниту да помислам за испаѓање. Тоа не го заслужуваат ни навивачите ни клубот. Сакам да завршам на убав начин“.
Од вашите зборови и од она што се гледа на терен не личите на некој што ќе ја заврши кариерата на крај на сезона. Да не планирате да игра до 52 како Миура?
„На таа возраст ќе бидам мртов :), тука секоја натпревар е инфаркт. Физички сум добар, пријателите ми велат: Како бе ќе престанеш со играње? Добар си, забавувај се. Но тука освен што се забавуваме, исто така и се потиме. Ќе видиме, сега се концентрираме на сегашноста“.
Во недела играте со Рома, се сеќавате на тие 3:0 од првиот дел?
„Секако. Но никогаш не помислив дека ќе бидеме во зоната за испаѓање во јануари. Реалноста е таа, а тие се борат за ЛШ. Жал ми е за Ѕаниоло, но ќе се врати посилен, шампион е дечкото. За нас ќе биде тежок меч, но мора да мислиме на бодови. Нашите навивачи можат да ни бидат силата. Им реков на моите соиграчи, ние сме тие што мора да ги усреќиме навивачите со нашата игра, давајќи сè. Тие секогаш ни помагаат, но сега ни останува на нас. Платени сме за ова и треба да ги преземеме нашите одговорности. Сменивме многу тренери, но на терен излегуваат играчите. Можеме и мораме да дадеме повеќе“.