Џенова влегува во уште поголема криза, бидејќи и денеска на домашен терен не успеа да освои некој бод. Додуше имаше тежок меч против Рома кој го загуби со 1:3. Стрелец за домаќините погодете кој.
На последните 10 меча во домашно првенство Џенова има само една победа или вкупно три после 20 минати кола што само и ги отежнува околностите за опстанок. Сега се предпоследни со 2 бода повеќе од СПАЛ и помалку од Бреша.
Човекот кој во последно време многу се бори и има голема желба да останат во лига е Горан Пандев кој го намали водството на гостите на 1:2 со нов мајсторски потег.
Ова е гол број 5 за него сезонава и со Куаме со најдобри клупски стрелци во моментов. Тоа што плус не радува за него е формата пред неговиот животен меч кој се ближи полека.
Фантастичен финиш.
Пазете го ова за “вечниот“