Дејан Станковиќ пред четири години спаси двајца Срби патувањето во Милано да не им биде џабе, па откако сфатија дека на лице место не се наоѓаат така лесно карти за градско му пишаа, а тој им врати шампионски, па им излезе џабе, ама мечот.
Деки не е единствен, ни пиша извесен Руди и не израдува со коментарот што ни го остави. Со тоа што оваа приказна е уште појака бидејќи и Иле бил пресреќен, па паднал и кафе муабет.
Не нè чуди, бидејќи Несторовски знае како да го испочитува секој навивач. Додека играше за Палермо цели редици се правеа пред фан шопот кога се дозна дека ќе потпишува автограми, а тој им учини на сите со ред.
Па дури и со една ваква будалетинка се сликаше :)
📲”Facciamo una foto?” 😂 una richiesta particolare per il capitano 📸 pic.twitter.com/2jNP27QBlO
— US Città di Palermo (@palermocalcioit) November 26, 2018