Невидена бизарност во Холандија. Навивачите со синџири го заклучија стадионот и го спречија сопствениот тим да замине на гостување. Вакво нешто не сме виделе до сега во ниту еден спорт.
За време на морето од вести поврзани со смртта на мега ѕвездата Коби Брајант, во мак фудбалот падна историска одлука. Македонските навивачки групи заедно ќе навиваат против Косово што многу не радува, плус конечно на Градски атмосферата нема да биде театар.
На мечот Сентрал Кордоба - Колон во Аргентина, на коментаторите им било толку жешко што решиле да фрлат и маици и кошули и сè што не им треба. Сите четворица кои го работеле преносот се соблекле ко пред зграда се летно време.
Едер Сарабиа е еден од неколкуте асистенти тренери на Кике Сетиен. Кога главниот тренер му рекол да му каже на Видал да се загрее, Сарабија да не урла покрај аут линијата, само направи еден потег.
Брајант беше голем, баш голем навивач на Милан, посебно затоа што раскажуваше дека најубавите спомени од детството ги носи од Италија, каде татко му Џое играше кошарка.
Швајцарецот едвај се избори со 100-от играч на светот Тенис Сандгрен, Американец кој направи најголеми изненадувања на Австралија Опен годинава. Роџер победи со тешки маки со 3:2 во сетови (3:6, 6:2, 6:2, 6:7, 3:6) откако во 4-от сет спаси дури 7 меч топки на противникот, победи и се пласираше во полуфинале. Лудост.
Коби е енергија, мотивација, инспирација во движење. Борба, издржливост, натпревар. Неприфаќање на статус кво, немање изговори, незастанување додека не стигнеш до целта. Игнорирање на болка, падови, повреди.
Двајцата со сигурност најдобри кошаркари на сите времиња имаа толку многу сличности во играта на теренот, што делува мошне необично. Мајкл изрази длабоко сочувство до семејството и пријателите на Брајант за кого кажа дека е еден од најголемите во неговата генерација.
Исцрпената Хрватска од епското полуфинале против Норвешка кое го доби на продолженија, немаше сили да се носи до крај со Шпанците. Игор Карачиќ во последниот напад направи апла чекори, Славе и Ѓорги ги забележаа и донесоа исправна одлука. Балкан Хендбал ги испофали за професионалниот потег и општо цело судење.
Ако мислите дека сте виделе буквално сè на фудбалски терени, треба да се пресметате. Минатиот викенд во англиската Лига 2 донесе досега невиден момент: лик од достава на пица, на веспа вози покрај аут линија за да му донесе нарачка на некој навивач. Ова се случи на мечот Лејтон Ориент - Њупорт Каунти на „Мечрум Стадион“.
Катастрофата со хеликоптерот во кој загинаа 9 лица меѓу кои и Коби Брајант и неговата ќерка Џана го сопре светот: Твитер неколку минути беше во блокада, во НБА тапкаа топка во празно, а 62’ издание Греми почна во молк.
Поддржувачите на Коби Брајант се во шок од фактот што нивниот идол повеќе го нема, особено навивачите на Лејкерси кои масовно излегуваат пред Стејплс центар и му палат свеќи. На Твитер пак се случува малку поинакво изразување на почит. Оставаат пред своите куќи баскети за него и ќерка му.
Овој модел го користат и членови на британското кралско семејство, како и спасувачки служби во многу држави. Во аеронаутиката важи за мошне безбеден хеликоптер.
Сцената е тотално чудна и апсурдна, бидејќи на терен има само судија и топка која или некој ја управува со даљинско или силно дува ветер. Фудбалери како што можете да видите нема, а публика има.
Коби Брајант малку спиел, понекогаш само неколку часа во ноќта, што е малку за професионален спортист. Пред пар години еден новинар го прашал зошто не спие доволно, а Коби дал прост одговор: „Зошто имам многу работа“.
На нејзе може да се слушне како од контролната кула го предупредуваат пилотот на хеликоптерот дека лета премногу ниско по што за кусо време се губи комуникацијата.
Ја заврши во 2016-та со 33.643 поени, 7.047 скока и 6.306 асистенции и цела му ја посвети на Лос Анџелес Лејкерс со кој освои 5 шампионски титули. Какви лекции по баскет држеше овој човек. Замислете дури 25 пати успеал да даде по 50 коша.
Откако сфатиле дека и сребрениот медал во силна конкуренција на Европското е огромен успех, хрватските ракометари синоќа решиле да се опуштат во македонскиот ресторан „Свети Никола“ во Загреб. Домаќините се пофалија дека имале можност да ги нагостат „каубојците“ кои се вратиле од Стокхолм.
Одвојте 4 минути од вашиот живот за кои не ви треба ни торент ни кино, туку само мало внимание. Кога на 29 ноември 2015-та го најави своето пензионирање тој и раскажа на кошарката колку ја сака уште од мал. Писмото се искористи за да се направи краткометражен анимиран филм под името Dear Basketball кој во 2018-та доби Оскар.
Смртта на Коби Брајант е апсолутен шок за целиот свет на спортот, но и пошироко. Разни извори по објавата на веста, шпекулираа кој сè бил со него во хеликоптерот, а на крај стигна трагична вест.
Сега појасно ли му е на Гатузо зошто нашево дете заслужува поголема минутажа? Млад е, му се игра и плус голем талент е. Без разлика што има само 20 години, ниту има трема против посикусни од него, ниту па нозе му се тресат. Влезе во 81-ва, а 5 минути подоцна повлече фина акција од која падна голот за 2:0.
Колку само мигови имаа заедно во Лејкерс. Еден куп добиени натпревари, три титули, многу асистенции, насмевки, дружби и на терен и надвор. Шек и Коби беа олицетворение на тој тим предводен од Фил Џексон.