1 - Бројот на награди за највреден играч која ја доби во регуларниот дел од сезоната 2007/2008. Исто така тоа е број и на освоени Оскари. Токму така, Коби има освоено и Оскар за најдобар краткометражен анимиран филм во 2016 кој се вика Dear Basketball. Се основа на љубовно писмо кое го пишува до кошарката.
2 - Број на МВП награди во НБА финале кои го освои во 2009-та и 2010-та. Тоа е бројот на и на златни олимписки медали со САД во 2008-ма и 2012-та. Исто така и број на дресови кои Лејкерски ви повлекоа во негова чест: 8 и 24.
4 – Ол стар МВП награди во 2001-02, 2006-07, 2008-09 и 2010-11. Тоа е рекорд кој го дели со Боб Петит.
5 – Број на освоени НБА титули.
9 – Само четворица НБА играчи во историјата: Брајант, Џордан, Гарнет и Пејтон се избрани во првиот одбранбен тим 9 пати.
11 – Заедно со Карл Мелоун се избрани во првиот тим на НБА 11 пати. Рекордот е на Леброн Џејмс со 12.
15 – Број на стартови на Ол стар игрите, каде повторно е на второ место зад Кралот кој пред само два дена беше избран за својот 16-ти.
16 – Ова е број на натпревари кои ги одиграл за Божиќ што е рекорд во НБА.
18 – Иако има 15 натпревари како стартер, сепак Брајант беше избран вкупно 18 пати по ред на Ол стар. Само Карим Амбул Џабар со 19 е пред него.
20 – Мина 20 сезони во Лејкерс. Само Дирк Новицки кој имаше 21 сезона со Далас Маверикс имаше подолг престој во еден НБА тим.
25 – Број на натпревари на кои постигна 50 поени. Само Вилт Чембрлен (118) и Мајкл Џордан (31) имаат постигнато повеќе од 50 поени.
60 – Број на постигнати поени против Јута Џез во неговиот последен натпревар. Тоа беше седми пат откако постигна по минимум 60 поени, а прв пат го достигна тој подвиг во 2009-та.
81 – Кога Лејкерси го совладаа Торонто Рапторс со 112:104, Брајант одлепи со 81 поени. Рекордот и натаму го држи Чембрлен со 100 комада во 1962-ра. Личниот рекорд Коби го оствари на 22 јануари 2006-та.
5.640 – Број на поени кој ги постигна во плејоф мечевите со кои е на четврто место. Првите тројца се Леброн (6.911), Џордан (5.987) и Џабар (5.762).
33.643 – Дебитираше во сезоната 1996/1997 и во кариерата постигна 33.643 поени во регуларниот дел од сезоните. Пред него се Џабар (38.387), Мелоун (36.928) и Џејмс (33.655).
48.637 – Број на минути одиграни во НБА со кои е на осмо место.